Гостивар
Зголемен ризик од пожари, СВР Тетово со апел за максимална внимателност!

Со настапувањето на мошне високите температури на воздухот, деновиве и во поширокиот Полошки регион, покрај другото, осетно се зголемија и опасностите од настанување пожари, посебно во полето и шумите. Поради ова Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните максимално да бидат внимателни кога работат или се движат на отворен простор, да не фрлаат отпушоци и догорчиња, да не палат „излетнички огнови“, но и да не ги палат меѓите и стрништата во нивите.
„На излетниците им се советува кога приготвуваат скари да не ги остават докрај неизгаснати остатоците од жарот што го користат, зашто доволна е само мала искра за да пламне пожар со несогледливи материјални и други последици. Им се советува, исто така, да не оставаат на отворено стаклени предмети, кои доколку се подолго време изложени на силно сонце можат да предизвикаат пожар.“, се вели во полициското соопштение.
Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека предизвикувањето пожар намерно или од невнимание законски се санкционира и со затворски казни кои, зависно од видот и крајните последици, се движат од 6 месеци до 5 години, односно до 8 години доколку станува збор за шумски пожар од поголеми размери.
Во координација со другите служби полициските службеници на СВР Тетово во наредниот период ќе го засилат присуството на подрачјето, пред се на најпосетуваните излетнички места и во шумите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?