Гостивар
Зголемен водостојот на реките во западниот дел, одрони на патот Кичево-Охрид

Од УХМР известуваат дека како резултат на врнежите изминатата ноќ, поголеми зголемувања на водостојот има на водотеците во западниот дел на земјата, односно на реките Радика, Сатеска, Голема и Пена, кои и денеска се очекува да бидат високи, особено на Радика заедно со нејзините притоки во сливот. Поради најавените можни локални поројни врнежи во источните делови, можно е на места зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици во тој регион.
Центарот за управување со кризи предупреди на внимателно движење покрај реките и суводолиците во крајните западни и во делови од источните делови (каде се најавени можни локални поројни врнежи) на земјата во текот на денешниот ден.
На магистралниот пат Кичево – Охрид, кај село Врбјани од 12:30 часот сообраќајот на една коловозна лента е блокиран. Како што соопшти АМСМ, причина за тоа се одрони на пат.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?