Гостивар
Зградата на Општина Гостивар ќе се реконструира и ќе биде енергетски ефикасен објект

Општинската зграда на Гостивар следната година ќе добие целосно нов лик и ќе стане енергетски ефикасен објект. Зафатот за реконструкција е дел од проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, кој се реализира од проектната единица при Министерството за финансии, со финансиска поддршка од Светска Банка.
Предвидено е обнова на фасадата, замена на прозорците, како и наместо котелот на нафта, да се постави топлинска пумпа со сите дополнителни елементи кои ќе бидат потребни за затоплување и ладење на просториите.
„Со овој зафат ќе имаме енергетска ефикасност на зградата и подобри услови за работа на општинската администрација.“, рече Дашмир Османи од канцеларијата за локален економски развој на Општина Гостивар.
Денес во Гостивар се одржа презентација и јавна расправа за активностите и процедурите во склоп на проектот.
„Проектот претставува заем на РСМ од Светска Банка во вкупна вредност од 25 милиони евра и има три компоненти. Гостивар е вклучен во компонентата за инвестиции во општините, која тежи вкупно 10,5 милиони евра. Општината аплицираше со проект за реконструкција на административната зграда, со вредност од околу 350.000 евра. Поволните услови се тоа што 80% од средствата се од заем, којшто ќе го враќа општината со доста поволна каматна стапка, а другите се грант од нашата програма.“, појасни Катарина Георгиевска, специјалист за животна средина во проектната единица на МФ.
Според најавите реконструкцијата на општинскиот објект ќе се заврши налето наредната година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог