Гостивар
Згрижен на топло бездомник во Гостивар, пријавете ако некому му треба помош
Перидов кога владеат ниски температури и ризични временски услови, службите во Гостивар се активираат да им пружат помош на загрозените граѓани, коишто немаат покрив над главата и ладните денови ги минуваат на отворено. Центарот за социјална работа во координација со општинската организација на Црвениот крст, деновиве тргнале од улицата едно бездомно лице и го згрижиле на топло, додека трае зимскиот студ. Пред неколку месеци, пак беше обезбеден покрив над глава за други двајца бездомници, татко и син.
„Во услови кога имаме многу студено време и ниски температури, секоја зима нашиот Центар во соработка со Црвениот крст работи на сместување на бездомните граѓани во шелтер центри во Скопје, каде тие може привремено да останат додека траат таквите временски услови кои носат голем ризик, а за некој може да бидат и смртоносни.“, вели психологот Билен Карахасан од Центарот за социјална работа во Гостивар.
Службите апелираат, доколку граѓаните забележат бездомници да се обратат до Центарот или Црвен крст за да може да се реагираа соодветно и да им се помогне.
„Имајќи предвид колку екстремните температури може да бидат опасни доколку луѓето цело време се на отворено, сите ние како граѓани одговорност да алармираме за таквите случаи, што побрзо да им се пружи помош“, рече Карахасан.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград