Гостивар
Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Меѓу гостиварци од утрово се шири вознемиреност предизвикана од објави на Инстаграм со вулгарни и недолични содржини заедно со фотографии на девојки од Гостивар. Јавноста е згрозена од она што во текот на денот се објавуваше од профил под име „gv_trach“, каде под неовластено преземени фотографии од девојки беа испишани крајно навредливи, сексистички и вознемирувачки зборови. Во име на етичко и одговорно новинарство Gostvarpress.mk нема да ги објавува, пренесува, ниту паразфразира таквите изрази.
Од СВР Тетово потврдија дека до полицијата денеска била испратена пријава за таков вид на злоупотреба на лични податоци.
„Официјално евидентирана е една пријава од оштетено лице, се преземаат мерки и се работи на расчитување на случајот“, потврдија од СВР Тетово.
Згрозени од она што го гледаат на Инстаграм, гостиварци, особено младите, од утрово реагираат со пријавување на профилот и барање за реакција од надлежните и одговорност.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар