Поврзи се со нас

Живот

Жена која инспирира – Благица Грујоска

Објавено

на

Во потрага по интересна сторија која би се вклопила во духот на Осми Март, Денот на жената, првата станица ни беше јасно определена: просветата – како област кадешто жената е најприсутна и кадешто врши благородна работа, образование и воспитување на деца. Учителката е лик кој за повеќето од нас останува врежан во сеќавањето, во текот на целиот живот. Една важна фигура, која одигрува голема улога во најкревкиот дел од постоењето – детството. Гостивар може да се пофали со доста добри и посветени учителки и наставнички, но ние ја баравме онаа која има нешто повеќе. Онаа која инспирира. И ја пронајдовме: Благица Грујоска, пензионирана наставничка, воспитувачка, учителка со над 40 годишно искуство во образованието, која била втора мајка на 1.332 дечиња, колку што поминале низ нејзините раце и срце во целиот работен век.

За мене сите деца биле исти, не сум ги делела никогаш. Напротив, сум се трудела и сум вложувала многу за да ги усреќам и да ги усмерам. Кога работиш со деца, мора целосно да се посветиш, со душа и срце, и да имаш умешност да им влееш желба кон училиштето и книгата. Пристапот е најважен, па така како учителка сум била и во улога на мајка која воспитува или тетка која советува“, вели Благица за љубовта кон децата и професијата.

 

Работата со деца – Дар од Бога

Првото вработување го имала во Валандово, градот од каде потекнува. Животот ја донел во Гостивар, кадешто се мажи и формира семејство. На ова подрачје работела во основното училиште во Врапчиште, во гостиварските градинки, како и во училиштата „Моша Пијаде“ и „Гоце Делчев“ , од кое и се пензионира пред четири години.

Додека Благица ни зборуваше за деновите поминати со своите ученици, се присеќаваше на случки и разни примери, невозможно беше да не се забележи чистата наклонетост кон професијата. Беше лесно да се заклучи дека отсекогаш ја имала желбата децата ја запаметат како првата, најважната учителка во најдобро светло и дека не се штедела себе си за таа цел, туку вложувала многу.

Кога ни рече: “Работата со деца е најблагородното нешто и за тоа си треба дар од Бога“,  нејзините зборови не звучеа како клише, туку делуваа вистински, како дела. Токму, затоа што излегуваат од устата на жена која работејќи во училишта, помагала на деца од социјално загрозени семејства, деца со посебни потреби, деца со проблематични родители.

Имав детенце во одделение кое потекнуваше од многу сиромашно семејство, живееше во тешки услови, без родителска грижа, оставено на дедо, немоќен да го одгледува. Кога сознав каква му е состојбата, се заложив детето да се згрижи во интернат, каде ќе има топол оброк, свој кревет. Дедото не можеше да ги сопре солзите од радост што неговиот внук добива основни услови за нормално детство. Но, сакам да нагласам дека детето потоа подобро учеше, беше редовно на часовите, пишуваше домашни. Значи, децата знаат искрено да го ценат вниманието, убавиот збор. Тие се инвестиција, колку ќе вложиш, тоа и ќе добиеш. Им треба топлина, внимание, љубов, искреност“, ни раскажа наставничката со големо срце.

Дека на различностите гледа како на богатство, а не како на причина за омраза, зборува фактот што во нејзината училница се грижела за деца од разни националности, трудејќи се да им создаде пријатна, семејна атмосфера и да го освои нивната доверба.

Не само тоа. Благица умеела како да постапува и со раширени раце ги прифаќала и дечињата со посебни потреби, иако порано не било задолжително да се интегрираат во редовните паралелки. Таа со гордост раскажува за дете, на кое поради одредени пречки во развојот му било потребно посебно внимание и насочување, но со помош и во соработка со родителите, успеала да го вклопи со другите деца во одделението. „Горда сум што тој мој ученик сега веќе ќе биде матурант. И најсреќна сум кога така ги гледам резултатите, плодовите од мојата работа

 

Големо семејство, полна куќа – среќа во домот

Пожртвуваноста и предаденоста кон учителската професија, кон најмалите, кај Благица не е случајност. Таа е мајка на четири ќерки (Викторија, Елена, Билјана и Весна) баба на десет внучиња (Александра, Марија, Стефан, Стеван, Ѓорѓија, Филип, Немања, Ѓорѓе, Максим, Матеја) и едно правнуче, Добрила.

Мора да кажам дека секогаш сум ја имала поддршката од моето семејство. И без оглед на работните обврски сум имала време да им се посветам на децата, сега и на внуците, правнучето. Тие се најголемо богатство. Сметам дека семејните вредности, блискоста меѓу членовите во семејството и роднините мора да се негува. Тоа се врски кои треба да се држат, кои не смеат да се заборават и запостават. Секогаш да се најде време за најблиските, затоа што така секој човек се полни со позитивна енергија“, вели Благица.

 

Образованието некогаш и сега

За Грујоска е многу јасно каде се недостатоците на образовниот процес во денешно време и кои се најчестите пропусти на поновата генерација учителки. Таа вели дека своите ученици многу често ги носела на екскурзии и обиколки во околните села, одржувале часови во природа, каде децата можеле многу попрактично да научат одредени лекции.

Учителките треба да ги извадат децата малку во природа, да ги тргнат од пред компјутерите и интернетот. Да ги запознаат со својата околина, да ги однесат по полињата, да видат како се работи на нива, како се чуваат животни“, советува наставничката и додава: „Моите ученици, ако немало каде на друго место,  јас сум ги носела кај мене, во мојата градина, да видат дрвја, овошки, да научат нешто повеќе на поинтересен начин. Така подобро им се врежува во меморијата“.

Во однос на постоечките вредности и односите меѓу самите ученици, Благица смета дека учителките треба да работат на негување на вистинските човечки вредности. Децата да развиваат навики за солидарност, хуманост, да се учат на штедење, на заедништво, дружење без да гледаат на материјалните страни.

 

Осмомартовска порака

„Жената може да биде успешна и дома и на работа. Ако го организира денот и времето како што треба. Жената може да биде трудољубива, храбра, борбена, само ако сака. Сега некои велат, друго е времето. Нема оправдување дека сега се други времиња и услови. Треба волја. И секако поддршка од семејството“

 

Љупка Антеска

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 36 минути

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 1 час

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 2 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 3 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 5 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 6 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена