Вести
Жена од гостиварско ги пријавила сопругот и свекорот за семејно насилство
Триесет и тригодишна жителка на село во гостиварскиот регион, вчера пријавила семејно насилство, кое околу 15 часот во нивниот дом го извршиле нејзиниот 38-годишен сопруг и свекорот на возраст од 58 години.
Според пријавеното, тие ја навредувале, ја влечеле за коса и ја удриле по главата и телото. Таа побарала кривичен прогон за двајцата, затоа што како што пријавила, подолго време била психички и физички малтретирана од сопругот.
Полицијата соопштува дека се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на пријавеното, а двете лица како осомничени учесници во семејното насилство ќе бидат повикани во Полициската станица Гостивар.
-
Гостиварпред 2 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград