Гостивар
Жените да бидат силни, се бориме заедно-Порача Гостивар за месецот против рак на дојка

Редовни прегледи и самоконтрола, канцерот на дојка е излечива болест ако се открие навреме, а жените кои се соочуваат со ваква дијагноза треба да бидат силни и оптимисти. Ова беше пораката од денешниот настан што се одржа во Гостивар во повод месецот на борбра против рак на дојка, октомври. Активноста ја организираше огранокот на Здружението „Борка“ (од месецов со име „Езра“) во соработка со Општина Гостивар.
„Секоја година го одбележуваме месецот на борба против канцер на дојка. Годинава со поддршка на општината и Ромедикал обезбедени се 50 бесплатни мамографии за жени. Тие беа избрани преку список од болницата и од членки на здружението. Бројот на жени кои се лекуваат од рак на дојка што го добивме од болницата беше голем, околу 200 пациентки, но сепак не се знае точниот број на жени кои страдаат од оваа болест, затоа што некои се лекуваат во други градови и приватни клиники. Од овој настан испраќаме порака жените да бидат силни, оптимисти, да знаат дека заедно се бориме против оваа болест“, изјави Њомза Шаќири, претставник на здружението Борка (Езра).
Октомври е прогласен за месец на борба против карциномот на дојка на светско ниво, а целта е да се подигне свеста за важноста од редовни прегледи и контроли, навремено барање лекарска помош, да се едуцираат жените за превенцијата и лекувањето, како и да се даде поддршка на оние кои живеат со болеста.
„Благодарност до сите што ни даваат несебична поддршка за борбата против ракот на дојка. Октомври е посветен на оваа борба, за подигнување на свеста. Раната детекција е клучна, правете превентивни прегледи и самопрегледи. Ракот на дојката не е розов, но овој месец ние го обојуваме розово во чест на оние кои ја изгубиле битката и да дадеме поддршка на оние кои во моментов ја водат најтешката битка во нивниот живот.“, подвлече Павлина Тримческа, координатор на здружението.
Радиологот Миранда Изаири пред присутните зборуваше за важноста од редовни прегледи, начините на дијагностицирање на болеста, третманот итн. Дел од активноста беа и средношколките од медицинското училиште во Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден