Гостивар
Жештини и високо УВ зрачење во наредните денови
Денес е понеделник, 209-от ден од годинава. Сонцето изгреа во 5 часот и 25 минути, а ќе зајде во 19 часот и 59 минути. Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.
Утре (вторник) времето ќе биде претежно сончево и топло, а температурите ќе се движат помеѓу 17 и 33 степени. Во среда нѐ очекува сончево и многу топло време со температури од 20 до 35 степени.
Сончево и многу топло време ќе се задржи и во четврток, додека во петок сончевото и топло време ќе биде пропратено со мала локална облачност. Во четврток ќе биде измерена највисоката температура до сега ова лето која ќе се искачи од утринските 21 до максималните 37 степени, додека во петок температурата ќе се движи помеѓу 20 и 35 степени.
УВ индексот на сончевите зраци ќе изнесува 9.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар