Занимливости
Жештините стопија 197 милијарди тони мраз на Гренланд

Невообичаено високите температури предизвикаа големо топење на мразот на Гренланд ова лето, при што научниците посочуваат дека со сигурност ќе се изедначи со рекордот од 2012 година, а многу веројатно и надмине, пренесува Independent.
Повеќе од половина ледената покривка на најголемиот остров на светот е во процес на топење, а само во јули истопено е толку многу мраз што нивото на морето во светот е подигнато за 0,5 милиметри.
Повеќе од 10 милијарди тони мраз се стопија само во изминатата среда, додека бројката во јули изнесува 197 милијарди тони. Околу 100 милијарди стопени тони мраз предизвикува пораст на нивото на морето за 0,28 милиметри.
Ендру Сол, експерт за глечери од Универзитетот во Шефилд, изјавува дека Гренланд и другите делови на арктичкиот појас се погодени од исклучително интензивен топлотен бран.
Како пример наведува, во средината на јуни, температурите на источниот брег на островот беа девет степени над просекот во период од 1981-2010 година.
„На почетокот на јули бев на експедиција на Гренланд каде што измеривме 17 степени во сенка. Една недела подоцна, на островот Елесмер во канадскиот Арктик имаше 21 Целзиусови степени “, вели Сол.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар