Поврзи се со нас

Гостивар

Жестока дебата во Советот на Гостивар околу финансиска поддршка на Сојузот на борци

Објавено

на

Предлог-одлуката за доделување на финансиски средства од општинскиот буџет на гостиварскиот Сојуз на борци, предизвика жестока дебата на денешната седница на Советот на Гостивар. Претседателот на Општинската организација на борците, Радислав Ѓиноски најпрво во своето обраќање пред советниците зборуваше за функционирањето и активностите кои ги спроведуваат, како и потребата од финансиска поддршка.

„Нашата организација има околу 600 членови, имаме архива на загинати борци  Македонци, Албанци, Турци, Роми и други, како и на сите спомен обележја на подрачјето. Се трудиме да ги одбележуваме сите државни празници, како и тие од локално значење. Но, има тешкотии. Во изминатите 30 години ништо не е вложено во одржување на спомениците и спомен обележјата, а според законот, локалната самоуправа е должна да ги одржува и да носи одлуки за изградба на нови. Доставивме барање за финансиска поддршка од 48.000 денари која ни е потребна, и во оваа прилика сакам да кажам дека ние сме соработувале со општината и до сега, ни изработиле плакети, покриле некои патни трошоци.“, рече Ѓиноски.

Советникот од ДУИ, Азиз Даути реагираше дека трошокот би бил финансиски товар за општинскиот буџет со оглед на кризата и побара информации колку директни учесници од НОБ се живи и се членови на организацијата, колку се Албанци, дали има споменици на Албанци и сл. Од Ѓиноски доби одговор дека во Гостивар имало живи борци до пред неколку години, а сега во организацијата се потомци и продолжувачи на делото, додека на државно ниво ги има околу 1.000 директни учесници. „За да ги видите сите имиња, ќе ви ги доставам документите со кои располагаме“, рече претседателот.

Советникот Лек Далипи се јави со остра реакција: „Не кажувате конкретно, затоа што тука нема споменици на борци Албанци. Таа борба што сте ја воделе и тој режим што отпосле се инсталирал бил полош од самиот режим што би го направиле нацистите и најголеми жртви биле Албанците на овие краишта. Затоа, вие немате лице и дигнитет да барате ништо. Целиот период на комунизмот бил најцрн дел за оваа држава“, рече меѓу другото Далипи.

Ѓиноски реплицираше: „Тоа е ваше мислење, но вашите дедовци и татковци живееле во оваа држава и не треба да газиме врз коските на тие што ги дале животите за слобода. Вие треба заедно со мене да положите цвеќе за загинатие. Јас се трудам и се мачам да направам нешто за градот, за на мои 75 години да доживеам да слушам вакви зборови“.

На предлог на претседателот на Советот, Валбон Лимани предлог-одлуката беше одложена за следната седница, со обврска боречката организација во меѓувреме да ја достави комплетната документација до советниците на разгледување.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 30 минути

Сообраќајот по влажни коловози, застои нема

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Гостиварпред 15 часа

Лични документи можат да се подигнат и во среда

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

За гласање утре во Гостивар пријавени 129 болни и немоќни, во Врапчиште 30

Гостиварпред 17 часа

Верни на традицијата-ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт во четврток

Гостиварпред 18 часа

Ученици од Гостивар создаваа ликовни дела според прочитани книги

Македонијапред 19 часа

Горивата со нови цени од ноќеска на полноќ

Гостиварпред 20 часа

Гостиварец со остар предмет се обидел да го нападне обезбедувањето во казино

Вестипред 22 часа

Ден на планетата Земја годинава на тема „Планетата против пластиката“

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена