Поврзи се со нас

Занимливости

„Жикина династија“ добива ново продолжение

Објавено

на

Ако нешто во овие времиња-невремиња може да ви извлече неочекувана насмевка на лицето, тоа е веста дека ќе се снима ново продолжение на легендарната серија „Жикина династија“.

Знаеме, јасно ни е дека одма се прашувате кој ќе го замени “незаменливиот” Хер Жика?

Новата серија ќе биде во малку поинаква форма. Во центарот на приказната сега е внукот на Жика, Миша, кого, како и во оригиналната серија, ќе го игра Никола Којо. Наместо легендите Драгомир Бојаниќ-Гидра (Жика) и  Марко Торововиќ (Милан) кои за жал се починати, во главната улога ќе се појави нивниот внук Миша. Тој сега е татко на две момчиња, од кои едното е тинејџер, на прагот на лудите години.

„Сценариото на Милена Марковиќ претставува освежување, не само за франшизата, туку и за домашниот репертоарски филм воопшто. Хуморот е суптилен и доаѓа од ликовите и необичните и неочекуваните ситуации во кои ќе се најдат. Иако е доволно јасно и комуникативно, сценариото нема тенденција да и се додворува на публиката, туку постига нејзин ангажман, со што се издвојува како еден од ретките филмови од репертоарски карактер што има потенцијал за едукација на публиката“, се вели во образложението на Филмскиот центар на Србија, кој е поддржувач на проектот.

„Луда година“ е насловот на 11-тото продолжение на „Жикина династија“ кое треба да се снима. Филмот ќе биде во продукција на „Talking Wolf Productions“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена