Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
  • Дата: 30/09/2018 | 13:13

Жител на селото Зубовце пријавил случај на навредување врзан со референдумот

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција информираше дека од отварањето на гласачките места, до сега биле регистрирани четири инциденти. Едниот од нив бил пријавен од жител на селото Зубовце, општина Врапчиште.

-Пријавен е случај од страна на 80- годишен маж од Зубовце, кој пријавил дека бил навредуван во врска со референдумот од страна на 64-годишната С.М. Жената е повикана во полициска станица и се работи на расчистување на случајот, изјави Ангеловски.

Другите инциденти за кои информираше МВР се случиле во Скопје, Струга и Штип.

Напишете коментар