Поврзи се со нас

Гостивар

Жители на Бањешница реагираат на нечистотија и смрдеа од каналот за наводнување кој им минува покрај куќите

Објавено

на

Граѓани од населбата Бањешница во Гостивар денес излегоа на мирен протест  да искажат револт за проблем со којшто се соочуваат од каналот за наводнување, што поминува покрај куќите. Посочија дека во каналот се слеваат отпадни и фекални води од погорните населби, се шири нечистотија и непријатна миризба. Велат, така било долго време, бараат да се исчисти, санира и трајно да се реши проблемот со канализација за да нема повеќе истекување на отпадни води.

„Постојано смрди, не можеме да излеземе во двор, во бавча, да ги пуштиме децата да играат. Гледајте како гнасна вода тече од цевките во каналот. Треба да се преземат мерки, еднаш засекогаш да се направи канализација, да се исчисти и среди каналот и тука веќе да не течат секакви нечистотии. Над 500 куќи во населбата имаат мака од овој проблем“, рече Фикмет Зенки, жител на населбата.

На неговата изјава се надоврза Зариф Муслиу: „Како е можно во 2021 година, канализација да се слева вака надвор, на улица. Го има ли некаде ова на друго место во светот. Па, од вакви нечистотии се фаќаат секакви болести.“

Граѓаните покажаа и документ со потписи кој го доставиле до Општина Гостивар, со кој бараат да комуналното претпријатие да го исчисти коритото на каналот и да се ослободи каналската мрежа. „Уште пред повеќе од месец дена доставивме барање официјално, но до сега не дошле да преземат мерки“, рекоа тие.

За став околу проблемот се обративме до Јавното претпријатие Комуналец.

„Иако не сме надлежни за одржување на каналот за наводнување, тоа е под ингеренции на водостопанство, ние како претпријатие два пати во годината сме вршеле чистење на тој канал, од старите касарни до Мало Турчане. И повторно ќе излеземе во пресрет на граѓаните и ќе го исчистиме. Што се однесува до слевањето на отпадните, фекалните води, веќе е изготвена физибилити студија за фекална мрежа, и се подготвува проект, кој предвидува поврзување и на населбите Циглана 1 и 2. Тука зборуваме за долгорочно решавање на проблемот.“, рече директорот Исак Лазами.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена