Поврзи се со нас

Гостивар

Жители на дел од Циглана на мака: „Ова е ужас, по цел ден сме без вода на пеколни температури“

Објавено

на

    Во услови на топлотен бран со екстремно високи температури, жители на дел од гостиварската населба Циглана, немаат вода по цели денови.

    Велат дека е неиздржливо и едвај го туркаат секојдневието на жештината со суви чешми. Според нивното кажување, месец дена наназад вода доаѓа околу 1.30-2 часот после полноќ и секнува рано наутро, а преку ден не протекува ни капка. Се работи за петнаесетина куќи во горниот реон на населбата.

    „Ова е ужас, на вакви високи температури човек да нема вода и тоа секој ден. Ноќеска ќе дојде доцна и што да правиш, да полниш вода или да спиеш, а наутро на работа. До кај 5 можеби ќе има, кој успее да наполни-наполни, кој не…На вакви екстремни температури ова е греота, срамота. Па, има многу дечиња, треба хигиена да им се одржува. Жално и неиздржливо е.“, рече Мицe Ѓорѓиоски кој живее во населбата речиси 40 години и е еден од неколкумината од реонот кои платиле сопствени финансиски средства за водоводната линија.

    Неговиот сосед Иле Стефаноски додаде дека состојбата е иста секое лето, а со вода кубурат и во зимскиот период:

    „Не е ова само сега, вака се мачиме секое лето, но и назима има проблем, затоа што тие од подолу ги пуштаат чешмите да течат, за да не им замрзнат цевките“.

    Граѓаните појаснуваат дека проблемот е децениски, се обраќале до институциите, алармирале преку политички претставници, но до решение не дошло.

    „Кај сите што сме се обратиле само ветувале и ништо, толку. Триесет години ветувале и ништо не направиле, а сме оделе од врата на врата. На овие жештини не знаеме како ќе издржиме веќе, дежураме ноќе, не спиеме за да полниме вода. Мора да се снаоѓаме, но ова не е работа. 21 век сме, луѓето на Месечината отидоа, ние без вода живееме. Некоја линија нека ни направат, ни треба вода 24 часа, не бараме кој знае што.“, вели Ѓорѓиоски.

    Од Јавното претпријатие „Комуналец“ Гостивар рекоа дека се запознаени со проблемот појаснувајќи дека е резултат на нерационална употреба на водата од корисниците во подолниот реон, за што ќе бидат преземени мерки.

    „Наша екипа беше на терен, запознаени сме со проблемот и ќе бидат преземени одредени мерки. Вода нема во тој реон на населбата затоа што во подолниот дел има многу злоупотреба и се троши нерационално, се наводнуваат површини, се пуштаат чешмите да течат неконтролирано и водата преку ден не стигнува до горе. Повторно ќе излеземе на терен заедно со општинскиот инспекторат кој има ингеренции да реагира на такви злоупотреби на вода, за да спречиме да се случуваат вакви проблеми. Мора да се преземат мерки, ние сме тука за граѓаните, да ги надминуваме проблемите и да создаваме подобри услови.“, рече директорот на „Комуналец“ Зеадин Нуредини.

    Граѓаните се децидни дека бараат трајно решение на проблемот кој им го загорчува животот.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 недели

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Гостиварпред 4 недели

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Спортпред 4 недели

    Три злата и две бронзи за македонските борци на ММА турнир во Грција

    Рецептипред 4 недели

    Пролетна освежителна салата со јаболко и спанаќ

    Деца Родителипред 4 недели

    Шест корисни попладневни навики за децата кои одат во училиште и нивните родители

    Гостиварпред 3 недели

    Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска од Гостивар се зет и невеста на Галичка свадба 2025

    Спортпред 4 недели

    Ливерпул по 20-ти пат шампион на Англија

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Мајстор Рашит од Гостивар, прочуениот кројач со златни раце

    Писмапред 2 недели

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена