Македонија
Жителите на Скудриње во центарот на вниманието на традиционален карневал во Италија
На шарениот плоштад Гиљермо Маркони, во малото гратче на северот на Италија, Валдобјадене, секоја година во февруари се одржува карневал, Carnevalissimo Valdobbiadenese. Оваа манифестација има традиција повеќе од 70 години и е од голема важност за жителите на регионот Венето.
На годинешното издание на карневалот жителите на општина Маврово и Ростуше, од долнореканското село Скудриње беа претставници на Македонија. Тие се претставија со традиционални свадбарски игри и песни од родниот крај и ја промовираа долнореканската свадбарска носија. Се разбира на карневалот не изостанаа дебарските зурли и тапани. Групата од Скудриње беше во центарот на вниманието и една од најатрактивните на карневалот. Освен што беа учесници, скудринчани беа и дел од организацијата на манифестацијата.
Во околината и гратчето Валдобјадене, кој е познат како град на виното и се наоѓа во близината на Тревизо живеат и работат околу 120 семејства од Скудриње.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар