Поврзи се со нас

Гостивар

Живописот во црквата Св. Димитрија во Гостивар ќе се реставрира

Објавено

на

Во текот на годинава ќе се реставрира живописот во храмот „Свети Димитрија“ на старите градски православни гробишта во Гостивар. Проектот за изведување конзерваторско-реставраторски работи на живописот е еден од проектите на гостиварскиот Конзерваторски центар за 2022-ра година кои добија финансиска поддршка од Министерството за култура и влегоа во Програмата за култура од национален интерес. За негова реализација ќе бидат издвоени половина милион денари. Храмот Св. Димитрија прв пат бил живописан во 1867 година од страна на познатиот Дичо Зограф, кој со својата тајфа работел во гостиварско. Во 1976 година фреско-живописот бил возобновен. Претходно, во истата црква, која датира од 1840 година, се спроведе реставрација на покривот и фасадата.

Министерството за годинава му одобри на Конзерваторски 6 проекти за заштита на културно-историското наследство, со вкупна вредност од 2,3 милиони денари. Најмногу пари се издвоени за третата фаза од реконструкцијата на старата џамија во Равен, милион и половина денари.

За евиденција на камена пластика на сакралните и профани објекти одобрени се 100.000 денари, за одржување на објекти од културното наследство 50.000, и по 80.000 денари за валоризација на објекти во Вруток и за основен проект за реставрација на Беговата куќа.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 2 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 3 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 4 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 6 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 8 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 11 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена