Деца Родители
Животни циклуси на семејството – Во првата фаза се поставуваат правилата на заедничкото живеење

Патеката која ја минува секое семејство на својот животен пат е кружна и се означува како животен циклус на семејството. Животниот циклус на семејството почнува со формирање на бракот, со одвојување од родителите, потоа продолжува со раѓање на деца, живеење во семејство со потомство и завршува со стареењето.
Во текот на својот развој семејството постојано е под влијание на надворешната средина. Семејството во својот развиток е тесно поврзано и зависно од културолошките и општествените норми и стандарди.
Семејството минува низ повеќе животни циклуси кои се идентификуваат според промените поврзани со семејството. Меѓу нив се склучувањето на брак, раѓањето на децата, неговото поаѓање во училиште, влегување во фаза на адолесценција, напуштање на семејството на родителите и влегување на семејството во период на стареење.
Секоја од овие фази во семејството има одредени цели и задачи, кои треба успешно да ги заврши. Само успешно завршување на целите и задачите од претходната фаза му овозможува на семејството полесно решавање на задачите во следната фаза.
Почеток на семејството
Првата фаза на животниот циклус на семејството го опфаќа периодот на моментот на склучување на брак па се до раѓање на првото дете. Основна задача во оваа фаза е да се воспостават правилата на заедничко живеење.
Во теркот на оваа фаза партнерите треба да научат да живеат заедно, што е многу поразлично од периодот кога тие биле момче и девојка. Брачните партнери треба да ги развијат моделите на комуникација низ вербалниот дијалог и нивното однесување. Во оваа фаза се поставува и структурата на меѓусебните односи како и односите со поширокото семејство.
Брачниот пар преставува полупропустлива граница во однос на надворешната средина, кон членовите на семејството, на пријателите, на роднините, на колегите…
Во брачните односи се воспоставуваат нови правила за функционирање,многу поинакви од оние во предбрачниот период. Некои правила се договараат, а некои се пренесуваат од стекнатите модели во родителските домови. Неопходно е договарање за позначајните заеднички обврски и одговорности, во прв ред околу поделбата на работата, егзистенцијалните прашања, интересите, плановите, планирањето на семејството, слободното време, комуникација со надворешната средина и слично. Поедноставно кажано во оваа фаза се поставува структурата, не само на односите помеѓу партнерите, туку и на односите и релациите со поширокото семејство.
Она што во оваа фаза бракот го прави подложен на потенцијални кризи е сложеноста на односите во кои секој од партнерите внесува обрасци и модели од своите примарни семејства, индивидуални чувства, потреби и очекувања.
Во оваа фаза доаѓа до кризи доколку брачните партнери не успеале да формираат модел за разрешување на конфликтите. Ако партнерите не се во состојба да ги утврдат границите на односите со родителите, со роднините, со пријателите, односно ако не воспостават успешна комуникација за надминување на кризите, тие се натрупуваат и се продлабочуваат.
Токму од тие причини, оваа фаза е многу битна за секој брачен партнер. Правилата што се воспоставуваат во оваа фаза се провлекуваат низ целиот животен циклус на семејството. Затоа може да се случи, доколоку партнерите не ги надминале недоразбирањата од претходната фаза, да бидат генератор за нови кризи.
( следува Семејство со мало дете)
пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог
Советувалиште за брак и семејство,
Центар за социјална работа
Гостивар
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!