Вести
Ѕид на градоначалници на Гостивар
Веројатно во зградата на општината ретко влегувате, а и кога го правите тоа, одите за да завршите некоја обврска и административна работа. А токму таму, поточно во големата општинска сала, има нешто што со сигурност ќе ве заинтересира. Гостивар, од своето постоење, како град и општина, во различни уредувања и управувања, па до сега, сменил 16 градоначалници, управители, челници. Можеби нивните политички и идеолошки убедувања не се совпаѓале, но нивните фотографии се на истата страна…од ѕидот.
Нивните имиња се: Зеќир Хоџа, кој бил на чело на Гостивар во 1956, потоа Азем Зулфиќари, Димче Димитриески, Велимир Бундалевски, Таип Лимани, Александар Ристоски, Миодраг Ефремовски, Џемаил Мухареми, Аќиф Османи, Дилавер Зулфиќари, Мерсел Исмаили, Енвер Зенку, Јамин Нуредини, Џемаил Реџепи, Руфи Османи и Невзат Бејта. Некои од нив имале повеќе мандати.
Во пресрет на нови локални избори, се прашуваме кој ќе им се придружи во друштвото на ѕидот?
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди