Гостивар
Зимскиот распуст е убава прилика да се зближат родителите и децата-убави совети од психолог

Децата можеби беа поштедени од зараза со коронавирус, но исто како и возрасните, поради целата ситуација, изложени се на стрес кој е удар врз психата. Стручните лица во зимскиот распустот гледаат можност за поминување квалитетно време во семејна атмосфера, што ќе донесе релаксирање и вистински вредности во домовите.
Во период кога се забранети собири и групирања, а учениците имаат многу слободно време, тоа треба да се искористи за зближување на децата со родителите, советува психологот Билен Карахасан од Центарот за социјална работа во Гостивар.
„Сега е прилика да се земат некои семејни албуми, да се зборува за семејната историја, за некои работи за кои порано родителите не зборувале со своите деца. На пример, како се запознале родителите, каква е семејната историја и слично. Сите тие работи се многу битни за развојот на децата за да имаат еден модел на учење, да имаат модел како нивните родители се однесувале. Обично тие работи за занемаруваат во денешно време, а порано тоа го имаше. Јас не паметам на пример што татко ми ми купил за роденден кога сум бил дете, но ги паметам моментите кои сме ги поминале заедно, разговорите, какви совети ми давал, какви аманети ми оставил. Овие распусти се можност да се зближи семејството, да се водат семејни разговори и да се пополнат со содржини битни за децата. Во многу случаи децата и не ги познаваат своите родители, односно не знаат ништо лично за нив, сега е прилика да се најде време, луѓето да обрнат повеќе внимание на емоционалната поврзаностите работи.“, вели психологот.
На негативните последици за децата од постојаното користење на телефони, лап топи и „висење“ по разни социјални мрежи честопати се алармира.
„Има многу содржини со кои може времето квалитетно да се исполни. Може да се читаат книги, книгите се многу здрави за развојот, за мозокот на децата за разлика од компјутери, лап топи, телефони. И научни студи потврдуваат дека за децата е нездраво да во денот на тик-ток по 2 до 3 илјади видеа, тоа е погубно за детски мозок. Родителите да ги тргнат од такви активности треба да се потрудат, да се организираат. Може да играат друштвени игри како монопол, не лути се човече, или шах. Нешто заедно да прават или едноставно да зборуваат што тие правеле кога биле млади, со што го исполнувале времето, имале ли некое хоби и слично. Сите тие разговори се добри и поучни за децата.“, нагласува Карахасан.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022