Поврзи се со нас

Занимливости

Златен хамбургер од 800 евра во чест на новиот јапонски цар

Објавено

на

Ресторан на луксузен хотел во Токио стави на мени џиновски хамбургер, тежок три килограми, во чест на новиот цар, кој ќе биде крунисан во мај.

Хамбургерот се продава по цена од 100.000 јени, односно околу 800 евра. Има пречник од 25 сантиметри, содржи паштета од гускино месо, говедско месо и црни тартуфи, а лепчето е посипено со златен прав.

фото Charely Triballeau / AFP

„Сакаме да го прославиме доаѓањето на новиот цар и новата ера во Јапонија”, изјавил шефот на кујната во ресторанот кој го вовел деликатесот, Шимада.

Во Јапонија консумирањето на месо беше забрането повеќе од еден век, а забрана беше укината во 1872 година. Хамбургерите се воведоа низ угостителските објекти после  Втората светска војна.

Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира на 30 април 2019 година, а ден подоцна принцот Нарухито ќе биде крунисан за нов крал. Новата ера која ќе настапи со доаѓањето на новиот крал се вика “Reiva” што означува ред и хармонија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена