Поврзи се со нас

Гостивар

Злоупотреби: Фирми во Гостивар зеле државна помош за плати, а не ги исплатиле на работниците

Објавено

на

Управата за јавни приходи нотира неправилности во користењето на државната помош за минимална плата. Бројни фирми користеле субвенции за плати, а не исплатиле ниту денар на работниците.  Ги има од различни дејности: трговија на мало, подготовка на оброци и служење на храна, градежништво и други.

Гостивар е еден од градовите во кои се евидентирани такви злоупотреби.

„Вкупно 281 работодавач кои примиле финансиска поддршка за април во износ од 9.995.565 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени. По региони најмногу фирми што не исплатиле плата се од: Скопје 84 фирми, Тетово 38, Струга 20, Гостивар 23, Куманово 16. Во мај вкупно 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари. По региони најмногу фирми што не исплатиле плата за мај се од Скопје 110 фирми, Тетово 61, Струга 28 , Гостивар 34, Куманово 21, Струмица 10, Битола 15.“, се наведува во соопштението на УЈП.

На работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а им дале плата на работниците им биле доставени опомени. „Доколку не извршат исплата во определениот рок, ќе следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата. Исто така, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во ваков случај предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок, а работодавачот ќе биде задолжен да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата, во спроведена постапка на УЈП во соработка со Државниот инспекторат за труд.“, нагласуваат од Управата за јавни приходи.

Сподели ја веста:
1 Коментар

1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена