Гостиарски
Знаете ли од каде потекнува „гостиарскиот“ сленг „Мангаш“?
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2020/10/mange.jpg)
Кај си бе мангаш, оној мангашот, мангаш е седи.. се само дел примерите кои секојдневно, години наназад може да се слушнат по гостиварските улици, кафулиња, установи.
Деновиве во српските поратали, посебно кај оние кои сакаат да пишуваат за „жешкиот асфалт“ актуелна беше темата за еден „жежок лик“ од средината на осумдесеттите по кого е настанат, ќе си земеме за право да пишеме „гостиарскиот“ сленг „Мангаш“. Со сета почит кон останатите наши читатели, но Gostivarpress.mk почувствува дека оваа приказна треба да се пренесе токму за гостиварската публика.
Милорад Вељиќ – Манге, легендата на белградско Жарково, е човек не толку познат во јавноста, можеби најмногу го знаат оние кои поминале некое време зад решетки каде можеле да слушнат жаргон „Мангаш“ или „Мангалија“ кој се однесува на крупно, силно, „заебано“ момче. Кога некој ќе започне да се прави паметен, таму зад решетките, ќе слушне од постарите ликови: „Не се прави Мангаш!“
Својата репутација ја стекнал како врвен боксер и бодибилдер, но успеал да направи и дебело досие. Дури завршил и на Голи Оток, по инцидентот кога не му дозволиле да се натпреварува во бодибилдинг поради многуте тетоважи. Огромна кобра доминирала на неговиот грб по што бил препознатилив. Манге станал познат на широката јавност после ицидентот во кафеаната „Мала Романса“ во Жарково, кога претепал деветмина од кои некои биле и наоружани, бил избоден, исечен, но на нозе. Манге бил огромен, природно силен човек, на кој тогашните југословенски лисици му биле мали, па полицијата морала за него да користи посебни поголеми амерички лисици.
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2020/10/156697_1922322-630147653705013-844938787-n_ff.jpg)
Терминот „Мангаш“ е настанат по ликот и делото на Милорад Вељиќ – Манге, кој бил спортист, активен во подземјето и важел за природно силен, храбар, опасен, но и за човек со добро срце.
Манге, бил вистински претставник на старата гарда на „жестоки“ момци, за кого фер-плејот бил светиња и се решавал со голи раце. Бил толку силен боксер, што и многу попознатиот Љуба Земунац, со кого бил како брат изјавил: „Само Мангаш е посилен од мене во Југославија“. Од тоа време почнува да се користи жаргонот „Мангаш“ што низ годините станува синоним за необична личност.
Иако легендата за Манге денес на обичните луѓе им звучи како бајка, оние кои го познавале ги потврдуваат сите приказни за него, додавајќи дека таков човек еднаш се раѓа и легендите за него им се чинат претерани, бидејќи такви силни, моќни, баш незгодни, а сепак луѓе со добро срце, повеќе не се раѓаат.
Преставувајќи го ликот и делото на овој човек, жаргонот „Мангаш“ се користел и користи на цела територијата на поранешна СФРЈ, дури Википедија го има регистрирано зборот Мангаш како назив кој означува човек кој брзо учи, промислена, бистра, снаодлива личност, како овој жаргон е пристигнат и присвоен како „гостиарски“ немаме информација.
Па, затоа ако уште денес слушнете некого да ословуваат со „Мангаш“ низ Гостивар, внимателно со човекот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
1 Коментар