Здравје и убавина
Знаци кои укажуваат на недостиг од хранливи материи
Експертите велат дека преку исхраната треба да ги внесеме сите супстанци кои се потребни за нормално функционирање на организмот, но сепак често се храниме неурамнотежено давајќи им предност на тестенините и слатките наместо на овошјето и зеленчукот. За среќа, организмот испраќа јасни сигнали доколку му се потребни повеќе хранливи материи.
Еве како да ги препознаете.
Можеби ви недостига биотин кој се наоѓа во житариците, јајцата, млечните производи, јаткастото овошје, лососот и пилешкото месо. На недостиг од биотин укажуваат и проблеми со кожата како иритации и воспаленија.
2. Проблеми со варењето на храната
Ако ве мачи опстипација, дијареа или мачнина, а не е во прашање вирус или расипана храна, можеби имате недостиг од ниацин односно витамин Б3 кој е важен за детоксикација. Витаминот Б3 го има во месото, рибата, јајцата, јаткастите плодови, лисестиот зеленчук и житариците.
3. Модринки
Ако ви се појавуваат модринки често, треба да внесувате повеќе витамин Ц кој освен што е познат заштитник на имунитетот е важен за цврстината и еластичноста на крвните садови. Најмногу го има во цитрусното овошје.
4. Испукани очни капилари
Пукањето на очните капилари може да укажува на недостиг од витамин б2 кој е неопходен за видот. Најмногу го има во млечните производи, јајцата, месото, рибата и лисестиот зеленчук.
5. Вкочанетост
Ова е знак дека треба да го зголемите внесот на калциумот кој е важен за работата на нервниот систем и мускулите, цврстината на коските и забите. Најдобар извор на калциум се млечните производим, јаткастото овошје и лисестиот зеленчук.
6. Грчеви во нозете
Ова е еден од типичните симптоми на недостиг од магнезиум кој има над 300 функции во организмот меѓу кои и овозможување на нормално функционирање на мускулите. Магнезиумот го има во спанаќот, чајот од коприва, мешункастите плодови и рибата.
Во соработка со Enauka.mk
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар