Поврзи се со нас

Македонија

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

Објавено

на

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на игноратниот, непрофесионалниот и крајно понижувачки однос од страна на генералниот секретар на градот Скопје Зоран Глигоров кон новинарските екипи за време на прес конференција.

Генералниот секретар на Град Скопје Глигоров, во своето обраќање пред новинарските екипи даде куса изјава каде ги обвини приватните превозници за политичка блокада на градот и на крајот не сакаше да даде одговори на новинарски прашања со образложение дека имал други обврски. На таквата негова постапка, колегите новинари разочарано изреагирале дека тие не се дојдени само да држат микрофони туку и да постават прашања кои се од јавен интерес за граѓаните на градот Скопје.

Апелираме дека јавните функционери треба да се трудат да дадат одговори на сите новинарски прашања, а не да ги игнорираат и понижуваат новинарите и медиумските работници.

Потсетуваме дека новинарите се гласот на јавноста и нивна главна задача е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека функционерите се тие кои треба да дадат одговори на тие прашања и да обезбедат безбедни услови за вршење на нивната работа.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена