Поврзи се со нас

Македонија

ЗНМ: Владата не смее да крие од новинарите информации од јавен карактер

Објавено

на

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), го осудува игнорантскиот однос на Секторот за односи со јавноста и на Генералниот секретаријат на Владата кон медиумите поврзани со неодамна донесената владина одлука за спојување на концесиите за рудникот Иловица.

До ЗНМ пристигнаа неколку поплаки од новинари кои и покрај сите обиди, не успеале добијат детали за тоа што се случувало на седницата на Владата одржана на 27 јуни 2023 година а на која предложена и усвоена одлуката за која постои огромен јавен интерес.  Поттикнати од важноста на прашањата за граѓаните, повеќемина колеги новинари побарале да добијат повеќе детали за тоа како течела расправата, врз основа на увид во стенограмски белешки од оваа седница.

Наместо одговор, од Канцеларијата на портпаролот на Владата до јавноста се споделува оправдување дека согласно член 94 став 6 од Деловникот за работа на Владата, тие не можат да достават извадоци од стенограмот.  Со цел да не се остави впечаток дека оваа постапка од страна на Владата е обид да скријат информации кои се од особена важност за јавноста, ЗНМ бара тие итно да бидат ставени на увид на новинарите, а преку нив и на сите граѓани.

Покрај ова, ЗНМ забележува и на сериозно отстапување на Владата во областа на транспарентноста имајќи предвид дека официјалната веб страница во делот за записници од владините седници не е ажурирана повеќе од два месеци, со оглед дека последниот записник датира од 17 мај 2023 година.

Потсетуваме дека пристапот на новинарите до точни и навремени информации е од суштинско значење за граѓаните да направат информиран избор и активно да се вклучат во јавниот дискурс. Кога владата задржува детали за своите работни седници, тоа ја попречува способноста на јавноста да го разбере образложението зад политичките одлуки и потенцијалните импликации за нивните животи.

Укажуваме дека информираните новинари и медиуми се од витално значење за функционална демократија. Без пристап до сеопфатни информации, способноста на новинарите да ја исполнат својата демократска улога е сериозно попречена, лишувајќи ја јавноста од суштински извор на независни и разновидни вести.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена