Поврзи се со нас

Македонија

ЗНМ: Здравствените власти да не ја попречуваат работатата на новинарите

Објавено

на

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) реагираат на попречувањето на работата на новинарските екипи кое се случува во кругот на Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

Според повеќе пријави од колеги кои пристигнаа до канцелариите на ЗНМ и новинарскиот синдикат, за време на викендот и денеска на новинарите и снимателите од страна на обезбедувањето на болницата не им бил дозволен пристап и биле бркани дури и на паркингот на болницата.

Укажуваме до Министерството за здравство и менаџерите на ГОБ „8-ми Септември“ дека не смеат да го ограничат пристапот на новинарите да известуваат за теми поврзани со работата на болницата и пандемијата.

Свесни за сензитивноста на темите за кои има особен јавен интерес, потребно е да се обезбедат услови каде новинарите ќе имаат можност непречено да известуваат. Потсетуваме дека слободата на изразување е уставно загарантирано право во Република Северна Македонија кое не може никој поединец да го ограничи бидејќи со тоа ќе има прекршување на членот 16 од Уставот. Особено што станува збор за теми од исклучителен јавен интерес.

Новинарите и уредничките тимови особено во вакви услови на криза потребно е да известуваат во согласност со етичките принципи на новинарската професија со штитење на приватноста на граѓаните кои можат да бидат дел од сниманиот материјал. Потсетуваме дека според Етичкиот кодекс на новинарите, новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес, исто така новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.

Доколку граѓаните имаат забелешки за работата на новинарите и медиумите потсетуваме дека имаат можност да достават претставки до Советот на честа или Советот за етика на медиумите во Македонија.

Истовремено бараме од Министерството да ја повлече одлуката за снимање пред тријажниот центар и околу болницата „8 Септември”  само со дозвола од директорот на болницата или Министерството, бидејќи со тоа директно се оневозможува работата на новинарите и фоторепортерите кои известуваат за состојбата со ковид кризата и состојбата во болниците.

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 час

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 3 часа

Врнежи од дожд утре и во петок

Гостиварпред 5 часа

Го соблекле, му го пребарувале возилото и заминале…несекојдневен случај во гостиварско

Гостиварпред 6 часа

Gostivarpress.mk домаќин на ученици-млади новинари од ООУ „М.К.Ататурк“

Гостиварпред 7 часа

Гостиварец задржан во полиција по пријава за напад врз сопругата

Македонијапред 8 часа

Уставен го укина делот „националност“ во Законот за матична евиденција

Вестипред 9 часа

Шојгу: Во „специјалната воена операција“ загинаа над 444.000 украински војници

Гостиварпред 10 часа

Демнат крадци! СВР Тетово советува: Заклучувајте ги автомобилите и не оставајте вредни предмети на седиштата

Македонијапред 11 часа

Од понеделник исплата на субвенциониран студентски оброк на неделно ниво

Гостиварпред 1 недела

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок

Македонијапред 4 недели

Ќе се доделуваат ваучери за инвертери, огласот утре

Што, како, каде?!пред 4 недели

Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!

Македонијапред 3 недели

Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари пасоши, ќе можат да се вратат со патен лист

Гостиварпред 3 недели

Таравари: Куршумот најден пред мојот дом е со јасна заканувачка мафијашка порака

Гостиварпред 2 недели

Велјаноски: Одлуката за вработување во гостиварската болница е противзаконска, прекршителите да бидат повикани на одговорност

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар можни прекини на водата и намален притисок поради пуштање во употреба на нов резервоар

Гостиварпред 3 недели

Пред влезната врата од куќата на Таравари оставен куршум

Гостиварпред 1 месец

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 6 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 7 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Огласи за вработување:

- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена