Поврзи се со нас

Македонија

Зоолошка Скопје се прости од лавицата: Почивај во мир убавице и трчај слободно на небото!

Објавено

на

ЗОО Скопје соопшти дека почина лавицата, жителка на градината 20 години. Лавицата се борела со тешка болест, лекувањето било неуспешно и таа морала да биде еутаназирана. Во нејзина чест, денес знамињата пред Зоолошка ќе бидат спуштени на половина копје.

„Со тешко срце и насолзени очи се простивме од нашата лавица која долго време беше член на Зоо семејството. Малигниот тумор кој започна да се развива на лицето, метастазираше низ целото тело. Уште во септември минатата година добивме препорака за еутаназија од ЕАЗА(Европска асоција на зоолошки и аквариуми), но решивме да не се откажеме од борбата. Иако во соработка со Ветеринарниот институт направивме неколку операции за отстранување на туморот, секој пат се враќаше се поинванзивен. Дијагнозата беше Fibrosarcoma- малиген тумор на кожа и поткожје со голем број на митотични и апоптични клетки, некрози и местимични крварења. Лекувањето за жал беше неуспешно, а лавицата која храбро се бореше со најлошата болест на денешницата беше еутаназирана. Секој од нас има изгубено блиска личност од ова зло, а ние ја изгубивме 20 годишната мила жителка на Зоо Скопје. Тагата е преголема. Почивај во мир убавице и трчај слободно горе на небото ❤️“, напишаа од Зоолошката градина.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена