Свет
Зоран Милановиќ убедливо победи на претседателските избори во Хрватска

Актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ освои убедливи 74,69 проценти од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Хрватска, покажуваат конечните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИП). Неговиот противкандидат, Драган Приморац од ХДЗ, освои 25,32 проценти од поддршката.
Милановиќ доби вкупно 1.122.859 гласа, додека за Приморац гласаа 380.752 граѓани.
Во своето победничко обраќање, Милановиќ нагласи дека овој резултат претставува „плебисцитна порака“ од хрватскиот народ до политичките актери во земјата.
„Ова е порака до сите кои треба да ја слушнат. Раката ми е подадена кон сите кои се на извршна функција во државата, но јас ќе се држам до Уставот. Тоа е мојата програма и мојата обврска,“ истакна Милановиќ.
Тој додаде дека Уставот налага рамноправност во однос на надворешната политика, како и свикување на Советот за национална безбедност, кој, според него, не бил свикан веќе три години.
„Ќе бидам врховен командант во прашањата за одбраната и безбедноста, бидејќи тоа го бара Уставот. Народот испрати порака – не до мене, туку до нив,“ рече Милановиќ, алудирајќи на политичките структури кои, според него, ја игнорирале волјата на граѓаните.
Со оваа победа, Милановиќ ја продолжува својата функција како претседател на Хрватска, оценувајќи го резултатот како потврда на неговата работа во изминатите пет години.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо