Македонија
Зоран Милески – Кичеец бил на 30 дневно отсуство од затвор поради медицински испитувања

Зоран Милески – Кичеец, кој издржува затворска казна за случајот „Рекет“ во затворот во Струга, според болнички извори, е еден од учесниците во сообраќајната несреќа, која се случи попладневно на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на Новоселски гробишта.
Во сообраќајната несреќа едно лице загина, а седум се повредени, од кои четири потешко, поради што се пренесени на Клиничкиот Центар во Скопје.
За тоа како Кичеец се нашол на слобода официјално од Управата за извршување на санкции велат дека тој користел 30 дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи.
-Со одлука на Управата за извршување санкции, лицето Зоран Милески користи 30 дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи. Определеното време за медицински испитувања е од 08.08 до 08.09, се вели во одговорот од Управата.
Милески казната затвор ја издржува во отвореното одделение во затворот во Струга.
-Тој веќе има издржано повеќе од половина од затворската казна и до 08.09 треба да се врати на доиздржување на затворската казна, се нагласува во официјалниот одговор на Управата.
Зоран Милески призна вина за случајот „Рекет“, во кој се осудени и Катица Јанева и Бојан Јовановски и спогодбено доби најниската затворска казна. Милески е осуден на три години затвор, откако во декември 2019 година го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?