Поврзи се со нас

Македонија

Зоран Заев прави ремонт – Разрешени потпретседатели, секретари, координатори во СДСМ

Објавено

на

Целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и координаторката на Форумот на жени се разрешени вечерва на седницата на Централниот одбор на СДСМ, пренесува 24.мк

Ова го соопшти лидерот на партијата и премиер Зоран Заев по завршување на седницата заблагодарувајќи им се на сите за вршењето на досегашните функции во партијата.

„Ветивме промени, промените се случуваат. Донесовме системски и суштински промени. Јавно да им се заблагодарам на сите функциониери кои престанаа да ги вршат своите функции. На генерални секретари – Александар Кирацовски, Миле Зечевиќ, Дане Талески. На шесте потпретседатели во партијата. Ова е сериозен израз на одговорност. Тргнавме од сопствените редови. Не е точно дека само претседателите на Општинските организации се виновни. Следуваат консултации за поставување на новите органи и тела. Сега е време за уште поголема иницијатива, за подобрување на животот на граѓаните. СДСМ е најголемата партија, живее со и за граѓаните, подготвена е да се менува на подобро. Ја внесовме нашата земја во НАТО, очекуваме преговори за ЕУ. Ако тргнавме од своите редови, верувајте нема да дозволиме на никој во државата да не ги исполни очекувањата на граѓаните. Пораката ја примивме. Граѓаните испратија порака, останаа дома. Корегирајте се ако сакате поддршка. Одлуките беа едногласни. Сега со освежени капацитети за живот, очекувам експанзија, овој топол ветер што дува кон нашата земја да го искористиме“ – рече меѓудругото претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот на партијата истакна дека „Секаде каде се покажала ароганција, ќе се случат промени, затоа што само така е во ред. Имаме слабости и кај градоначалници, и кај директори, оти ветивме живот за сите, тоа мора да го исполниме. Ќе бидат повеќе министри, бројката не ја кажувам, блиску сум од бројка од една третина“.

На прашање дали и Заев ќе понуди оставка во партијата, тој вели „Не гледам причина Зоран Заев да понуди оставка. Не ми паѓа на памет, јас сум доблесен.

Извор: Вести 24

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 9 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 11 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 13 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 13 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 14 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 15 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 17 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 19 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена