Занимливости
Зошто, без малку, ниедна држава нема знаме со виолетова боја

Виолетовата боја никогаш не претставувала кралство, царство или држава. Значи, што не е во ред со виолетовата боја која денес е доста популарна?
Одговорот е едноставен. Виолетовата боја била премногу скапа до 1800-та година. Затоа често била поврзувана со власт, моќ и богатство. Дури кралицата Елизабета I им забранила на сите, освен на кралското семејство, да ја носат оваа боја.
Виолетовата боја била извонредно ценета поради тоа што била многу ретка. Оригиналната виолетова боја била добивана од мал морски полжав кој единствено можел да се најде на подрачјето на денешен Либан. И не само што било тешко да се дојде до бојата, туку и било потребно 10.000 морски полжави за да се направи еден грам виолетова боја. Од таа причина, само богатите и припадниците на кралските семејства можеле да си дозволат работи во виолетова боја.
Исто така, виолетовата боја неретко претставувала духовност и светост бидејќи древните владетели кои ја носеле биле сметани за божевства или Божји пратеници на земјата.
Меѓутоа, понекогаш оваа боја била прескапа и за најбогатите. Римскиот владетел Аурелијан, кој владеел во 3-от век, не му дозволувал на својата жена да купува шалови и наметки во виолетова боја, бидејќи тоа задоволство го чинело 3 пати неговата тежина во злато. Според некои пресметки, 350 грама виолетова боја би чинеле многу злато, односно денес тоа би било приближно околу 56.000 долари.
Дури ни најбогатите земји не можеле да си дозволат да ја имаат оваа боја на своето знаме.
Достапноста на виолетовата боја започнала во 1856-та година кога осумнаесетгодишниот англиски хемичар Влијам Хенри Пркин случајно направил синтетичка виолетова боја додека се обидувал да направи лек за маларија.
Од тој момент почнало масовно производство на виолетова ткаенина која веќе не била толку вреднувана од најбогатите. Од овие причини денес може да се најде на знамињата на некои од државите кои настанале дури после 1900-та година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче