Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Зошто чајот од нане е добар за нашето здравје?

Објавено

на

Една од најлековитите билки која имаме можност да ја користиме секојдневно е токму нането. Најчесто се користи во вид на чај, но може да се консумира и како зачинско растение.

Долго време се користи за ублажување на стомачни проблеми и како природен лек кој го опушта целото тело.

Покрај тоа што има пријатен мирис и вкус, нането има и сложен хемиски состав. Нането содржи витамини, минерали, киселини, бета-каротин, влакна, танини и флавоноиди. Исто така е одличен извор на бакар, манган и витамин Ц.

За благотворното дејство на организмот најзаслужни се флавоноидите, пелинот, ментолот и танините кои го поттикнуваат производството на жолчката, го забрзуваат варењето и го зголемуваат апетитот.

Нането поволно делува и на следниве таканаречени проблеми:

Помага при респираторни проблеми

Чајот од нане може да помогне во смирување на воспалителниот процес на респираторните органи. Овој пијалок ги опушта мускулите на грлото и помага во ублажување на симптомите на настинка. Благодарение на ментолот, чајот од ова растение може да помогне во чистењето на дишните патишта.

Поволно делува на проблеми со синусите

Како босилек, нането често се користи како растение кое благотворно делува на чистење на синусите. Нашите баби го користеле како додаток на зовриената вода над која треба да се стои и да се вдишуваат миризливите испарувања.

Ја смирува постојаната кашлица

Наша традиција е да пиеме чај најчесто кога не се чувствуваме добро. Бидејќи има зачинета арома, чајот од нане често се користи за ублажување на кашлицата.

Помага при мускулна болка

Чајот од нане позитивно влијае на циркулацијата, а се користи и за ублажување на болки во мускулите кои се јавуваат по поголем напор.

Смирува и опушта

Нането се смета за растение кое е ефикасно во елиминирање на напнатоста. Ако сте имале напорен ден и чувствувате непријатност во стомакот, испијте шолја топол чај од нане. Ќе ги опушти стомачните мускули, и ќе ви помогне да бидете посмирени.

Корисно е против несоница

Благотворното дејство на нането исто така може да биде корисно доколку имате проблеми со несоница. Пијте топол чај од ова растение во комбинација со малку маточина или лаванда и полесно ќе заспиете.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена