Поврзи се со нас

Магазин

Зошто е добро да разговараме сами со себе?

Објавено

на

    Разговарањето сам со себе е важна навика која може значително да влијае на нашето ментално и емоционално здравје. Начинот на кој зборуваме со себе, нашиот внатрешен монолог, може да ни помогне да разбереме многу аспекти од нашите потсвесни мисли, емоционални состојби и избори во однесувањето.

    Еве пет причини кои докажуваат дека е добро да се зборува сам со себе:

    Го намалува стресот
    Зборувањето во вашата глава може да ве смири. Кога си кажувате дека се ќе биде во ред, ова самоупатување може да ве натера да верувате во позитивниот исход и да ве смири. Повторувањето на овие мисли, било тивко или гласно, може да биде особено ефикасно во намалувањето на стресот и анксиозноста.

    Може да ве мотивира
    Кога ви треба поттик за да завршите некоја задача или да се соочите со предизвик, зборувањето со себе може да ви ја даде потребната мотивација. На пример, кога се трудите во теретана или кога се обидувате да се фокусирате на работа, изговарањето на зборови за поддршка и охрабрување може да ви помогне да се придвижите напред и да ги постигнете вашите цели.

    Тоа ви помага да го организирате вашето размислување
    Кога разговарате со себе, го подредувате размислувањето и го активирате критичкото размислување. Ако, на пример, имате важен состанок, зборувањето за тоа со себе додека се подготвувате може да ви помогне да ги организирате мислите, да ги освежите информациите што сакате да ги споделите и побрзо да најдете решенија за можните проблеми.

    Ја зголемува концентрацијата
    Разговорот со себе вклучува повеќе области од мозокот отколку кога разговарате со други или само слушате некого. Ова значи дека сте посветени и внимателни на она што всушност се случува околу вас. Вие сте поприсутни во моментот, што ја зголемува вашата концентрација и ефикасност во извршувањето на задачите.

    Ја зголемува самодовербата
    Според направени истражувања оние кои секојдневно се впуштаат во монолог со позитивни елементи можат значително да ги променат своите перспективи, ставови и реакции. Една од методите е да ги запишете вашите силни страни и карактеристики на кои сте горди, и потоа да ги прочитате гласно пред огледало. Ова може да ви помогне да ја зајакнете самодовербата и да гледате попозитивно на вашите способности.

    Не се чувствувајте глупаво ако разговарате со себе. Колку повеќе го правите тоа, толку полесно ќе ви биде. Дополнително, кога си шепотиме во тешки ситуации, тоа ни дава малку повеќе сила и храброст да се соочиме со предизвиците.

    Од друга страна, исто така е корисно да ги анализирате вашите негативни чувства. Кога јасно ќе слушнете што чувствувате, тоа ви помага да ги преиспитате вашите емоции. Најчесто работите не се толку лоши како што изгледаат, а слушањето на вашите мисли од далечина може да ви помогне да сфатите колку се навистина сериозни.

    Како заклучок, разговорот со себе може да биде моќна алатка за самопомош и саморазвој. Колку повеќе ја практикувате оваа навика, толку повеќе ќе ги забележите придобивките.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена