Поврзи се со нас

Вести

Зошто e важно децата да имаат хоби?

Објавено

на

Детското хоби се рефлектира на однесувањето, размислувањето и стекнувањето на навики, па препорачливо е и вие како родители да се вклучите заедно со децата и да пронајдете некоја корисна активност.

Што децата навистина ги интересира?

Тешко е да се најде одговор на ова прашање. Децата, често делуваат како ни самите да не знаат што сакаат, а нивните родители знаат да се обесхрабрат поради нивната неодлучност. Меѓутоа, оваа појава е нормална кај децата кои се многу мали и тие треба да се остават да го пронајдат своето хоби. Недостатокот на искуство и запознавањето со светот, ги прави да бидат љубопитни, а ваше е на детето да му овозможите да проба се`.

Не мора под секоја цена активностите да вклучуваат фудбалски тренинзи, кошарка или часови по балет. Постојат многу други различни хобија, коишто можат да бидат од голем интерес за вашето дете. Доколку детето само се насочува кон нешто, дозволете му да ја изрази својата креативност. Од тоа еден ден може да излезе вистинско уметничко чудо.

Има деца кои уште од најрана возраст покажуваат интерес за некое хоби или поседуваат некој уметнички талент. Нив треба да ги поддржите со сета сила и да создадете услови во кои детето ќе може да учи и да напредува за да го усоврши талентот, којшто го поседува. Дури и ако неговата желба во некој момент се изгуби или пак пренасочи, прифатете ја таа промена како составен дел на растењето. На крајот на краевите, некогаш и сами не можете да одлучите што навистина сакате. Не го очекувајте тоа ни од детето.

Од кое хоби да почнете?

Не е потребно да го комплицирате детското хоби, ниту пак да трошите голема сума на пари за некоја спортска опрема, која ќе стои во некој ќош од вашиот дом, поради тоа што во меѓувреме вашето дете се заинтересирало за друго хоби. Нивната креативност и фантазија можете да ги поттикнете и во сопствениот двор или во кујната:

  • Понудете му на вашето дете да ви прави друштво во кујна, кога подготвувате едноставни работи. Дајте му задача да го обликува тестото или да го декорира овошјето во некој сад. Нема сомнеж дека ќе настане голем неред, но замислете ја среќата на неговото лице кога ќе ги сервирате колачи, во чие правење и тоа имало удел.
  • Девојчињата се природно склони кон тоа да чепкаат по орамарот на нивните мајки, па дури и да позајмат некоја нивна облека. Пронајдете марами, кои не ги користите, накит кој не сте го носеле одамна или некој интересен шешир. На ова додајте шноли, ластици за коса и друг прибор (аксесоари) и гледајте како настанува мал моден спектакал во вашиот гардаробер. Момчињата ќе бидат воодушевни доколку нивните татковици ги вклучат во поправка на велосипед или изработка на куќичка за птици.
  • Се сеќавате на собирањето на салфетки, сликички, цртежи, значки…? Поставете им предизвик на вашите деца да направат мала колекција од овие или некои други работи. Ќе се почувствуваат одговорно, ќе вложат труд во таа задача и ќе имаат нешто свое. Најважно е тоа дека нивното време, ќе биде потрошено на продуктивен начин.
  • Едно едноставно решение е и боењето. Доволно е да купите едно пакетче темперни бои и блок за цртање и забавата може да почне. Ќе се смеете со шаренилата исцртани на хартијата, за кои вашите деца ќе ви велат дека ве нацртале вас, заедно со нив. Најмногу ќе ве направи среќни, тоа што веродостојно ве нацртале. Доколку оваа инспирација прејде и на дел од вашиот ѕид, тогаш сетете се дека се е дел од новото хоби.

Постојат еден куп на интересни работи со кои можете да ги забавувате децата, и на ваше и на нивно задоволство. Што повеќе активности испробаат, така побрзо ќе ги изградат своите интересирања, ставови и чувството за одговорност. Ќе забележите и како ова се одразува на обавувањето на училишните обврски и целокупното нивно однесување, а заедно со нив и вие ќе уживате.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 31 минута

Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд

Гостиварпред 2 часа

Приведена жена во Гостивар, одзела предмети од трговски објект

Гостиварпред 4 часа

Предупредување за силен ветер и до 60 километри на час

Македонијапред 5 часа

Две лица приведени за убиството на лекарот во Железара

Здравје и убавинапред 14 часа

7 митови и заблуди за кафето кои секој треба да ги знае

Гостиварпред 16 часа

Работилницата за репарација „Прогрес“ Гостивар претставена во Хрватска како позитивен пример

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

СДСМ и коалициските партнери формираа „Коалиција за европска иднина“

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

ДИК усвои Упатство на двојните избори на 8 мај на гласачките места да се оди еднаш

Македонијапред 20 часа

Тошковски: Владата незаконски поништи мои акти и не дозволи да назначам началник на СВР Тетово

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена