Поврзи се со нас

Деца Родители

Зошто кај децата се јавува негативизам?

Објавено

на

Негативизмот е облик на претерано давање на отпор на детето. Кога детето ќе наиде на тешкотија во прилагодувањето на своите барања со барањата на  другите луѓе, тоа повремено станува тврдоглаво, се кара, а понекогаш и отворено се буни. Тоа се јавува од причини што родителот или возрасната личност не е во состојба да разбере дека детето некоја работа не може да ја направи така добро или брзо како тоа што го може повозрасното дете или родителот. Исто така, детето е навикнато некој друг да ги врши работите наместо него, поради тоа му е тешко да се навикне да направи нешто за другите.

Негативизмот е резултат на социјалната ситуација. И се јавува како резултат на начинот на дисциплинирање кој што го користат родителите и нетолерантниот став кој што родителоте го имаат спрема децата за нивните постапки.

Негативизмот во суштина е поврзан со семејните навики и обичаи при што детето одбива да ги послуша барањата на возрасните. Формите на негативистичкото однесување се менуваат со возраста на детето. Кај малите деца се јавуваат повеќе форми коишто се движат од просто негирање до активно вршење на работите спротивно од она што бараат возрасните. Негативизмот може да биде намерно контрирање, неизвршување на работите, детето се преправа дека не слушнало или не разбрало што му рекле возрасните.

Помеѓу четвртата и шестата година се смалува физичкиот отпор, а се јавува вербалниот отпор. Детето употребува „НЕ“ како одговор на сите предлози и прашања на родителите и возрасните .Детето користи фини методи правејќи се дека не слуша или не разбира, и си работи она што тоа самото сака, поради што родителите доаѓаат до заклучок дека нивното дете ништо не сака да ги послуша.

Истражувањата покажуваат  дека кај децата од иста старосна група се јавува ист или сличен начин на однесување.

Негативизмот, непослушноста и тврдоглавоста кај децата се сметаат за знаци на добро социјално прилагодување. Тоа се облици на однесување коишто сами по себе се незадоволителни, но укажуваат на виталност, мотивација и почеток на селективна осетливост за една социјална ситуација. Детето е тврдоглаво  тогаш кога ќе му се постават некои барања коишто детето не може да ги изврши, кога тие барања се понижувачки или пак кога се непријатни и болни.

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска психолог,                                                                                                             Советувалиште за брак и семејство,                                                                                                                               Центар за социјална работа  – Гостивар

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 9 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 10 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 12 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 15 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 16 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Гостиварпред 17 часа

Физички напад пред угостителски објект во Чајле

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена