Здравје и убавина
Зошто киселата зелка е корисна за вашето здравје?

Богата со калиум, железо, магнезиум, Ц витамин и други корисни елементи за здравјето, киселата зелка е вистинскиот избор за храна во зимскиот период. Ако сакате да го подигнете имунитетот, со киселата зелка на вашето секојдневно мени, нема простор за грешка.
Истражувањата покажале дека киселата зелка крие богатство од пиридоксин (витамин Б6), без кој протеините воопшто не би биле искористени. Исто така, е богат извор на нијацин (витамин Б3), кој е потребен за метаболизмот, енергијата и работата на мозокот. Го ослободува организмот од стрес, помага за зајакнување на коските, го регулира холестеролот во крвта и има улога за обнова на сврзното ткиво. Високата содржина на растителни влакна значи дека киселата зелка е многу добра за правилното варење на храната.
Лековитото дејство на киселата зелка може дополнително да се зголеми, со додавање на други намирници, како на пример листови од винова лоза, грозје, дуња, јаболка или анасон. Истиот ефект се постигнува и со зачините како зрна пипер, ким и слично.
Македонската кујна во својата традиција секоја зима ја има киселата зелка, што е голема предност и олеснителна околност за оние што треба да ја јадат редовно.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!