Македонија
Зошто луѓето сакаат да знаат како ќе изгледаат кога ќе остарат? И колку е безбедна руската Faceapp
Сигурно во последните 24 часа на друштвените мрежи сте виделе фотографии на ваши пријатели на кои изгледаат доста постари. На секаде може да се видат солидно изработени лица со брчки, побелена коса и брада, оќелавени. Тоа за само неколку секунди го прави руската апликација Faceapp.
Оваа апликација користи вештачка интелигенција за да ги промени изразите на лицето и изгледот на корисниците, со што ги прави помлади или постари. Меѓутоа, за да може корисникот да запчне да ја користи оваа апликација, тој/таа се должни да ги прифатат условите за користење, со што на компанијата му се дава бесконечно и неотповикливо право да ги користи вашите податоци и фотографии.
Сите фотографии од оваа апликација може да се користат во иднина без согласност на корисникот, што може да претставува закана за безбедноста на информациите на милиони корисници, условите важат и за фотографиите кои се во вашиот уред, а не сте ги споделиле.
Лидерот на демократите во Сенатот на САД Чак Шумер ја прогласи оваа апликација како закана за националната безбедност на САД. Повика ФБИ да го испита колку личните информации на милиони американски корисници на оваа апликација може да биде од значење доколку тие се најдат во рацете на руските власти, како и дали постои ризик истите информации да послужат како компромитирачки материјал за американските граѓани.
Зошто луѓето сакаат да знаат како ќе излгедаат кога ќе остарат?
Психологот Ана Мирковиќ, за BBC објаснува дека тоа е резултат на дигиталната ера, која расте со огромна брзина и ја зголемува егоцентричноста, односно опседнатоста со себе. Таа вели дека може да знаеме многу работи, освен она ште не очекува во иднина. Поради таа причина сакаме да се видиме како би изгледале за 50 години.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар