Поврзи се со нас

Магазин

Зошто луѓето викаат? (поучна приказна)

Објавено

на

Еден ден учителот ги прашал своите ученици:

„Зошто луѓето викаат кога се лути? ”

Учениците размислувале некое време. Еден ученик рекол:

„Викаме затоа што го губиме трпението ”.

„Но треба ли да се вика ако личноста на која ѝ викате е веднаш до вас? ” – прашал учителот. „Зарем не е можно да се разговара тивко и смирено? ”

Учениците продолжиле да даваат одговори, но ниту еден од нив не бил доволно добар за да го задоволи учителот, па затоа им го дал следното објаснување:

„Кога две личности се караат и се лутат, нивните срца се оддалечуваат. Затоа мораат да викаат еден на друг. Нивниот висок и груб глас ја намалува  оддалеченоста, за да можат поубаво да се слушнат. Колку што се полути, толку погласно мораат да викаат, бидејќи во тој случај оддалеченоста помеѓу нив е поголема. ”

Потоа учителот повторно ги прашал учениците:

„Што се случува кога две личности ќе се засакаат? Не викаат еден на друг, туку си зборуваат меѓу себе тивко и нежно. Зошто? Нивните срца се многу блиску. Оддалеченоста помеѓу нив е многу мала.
А што се случува со нив кога уште повеќе ќе се засакаат? Не зборуваат. Само шепотат и сé повеќе се зближуваат со нивната љубов. На крај не треба повеќе ниту да шепотат. Само се гледаат и тоа е сè. Така се однесуваат две личности кои се сакаат. ”

На крајот учителот им рекол:

„Кога се карате, не им дозволувајте на вашите срца да се оддалечат, не изговарајте зборови кои би можеле уште повеќе да ве оддалечат, бидејќи ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе биде премногу голема, па ќе немате шанса да се вратите назад во минатото и да поправите некои грешки. ”

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Технологијапред 29 минути

YouTube слави 19-ти роденден-Знаете ли кое било првото објавено видео?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 20 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 21 час

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена