Поврзи се со нас

Македонија

Зошто македонските студенти сѐ повеќе избираат странски универзитети?

Објавено

на

Позната слика на скопската меѓународна автобуска станица: Млади Македонци им мавтаат на своите семејства, качувајќи се во автобуси (побогатите со авиони) кон дестинации како Љубљана, Софија, Загреб…Трендот на студирање во странство постојано расте.

Што ги тера овие млади умови да бараат образование надвор од својата татковина?

Еден од клучните фактори е квалитетот на образованието. Според резултатите од PISA, Словенија постојано ја надминува Северна Македонија во читање, математика и наука. Словенечките училишта се рангирани значително повисоко, нудејќи на студентите поцврста академска средина. За амбициозните студенти кај нас, ветувањето за подобро образование е силен мотиватор.

Изберете не нас

Македонските студенти во странство со кои разговаравме во оваа сторија се од Словенија. Марибор, Копер, Љубљана се многу привлечни за македонските студенти последните години. Јазичната бариера не е голем проблем, трошоците за живеење и школарина се релативно прифатливи во споредба со Западна Европа или САД, и, ако ги прашате родителите, „некако блиску е“.

Фамнит е државен универзитет во Копер за математика, природни науки и информатички технологии. Ниту еден македонски државен универзитет нема онлајн видео реклама со која би привлекол студенти и би го прикажал тоа што го нуди. Со сè повеќе млади кои не ја гледаат својата иднина тука, би било добро нашите факултети да посветат повеќе внимание на својот маркетинг.

Студентот Т.К. (името познато на редакцијата), кој студира на факултетот за информатички технологии на овој универзитет, вели дека главната разлика со македонските универзитети е во односот меѓу студентите и професорите, бидејќи во Словенија односот е многу поличен. Освен тоа, практичното знаење повеќе се почитува отколку теоретското. Нема квизови, бубање, учење дефиниции. На професорите не им е сè црно-бело. Професорите не се обидуваат да „фатат некого во незнаење“ туку на сите начини сакаат да извлечат што повеќе знаење од студентот. Тие се обидуваат да помогнат во која било прилика.

Ива Ѓорѓиевска, која студира уметност во Словенија, исто така го истакнува односот на професорите кон студентите, но сепак додава дека „зависи од човек до човек“.

Според Т.К. најголемата тешкотија е потребата за припадност. „Секој сака да припаѓа некаде, на некое друштво. Секако, првите стресови со кои секој македонски студент се соочува се интензивни, но брзо поминуваат и се средуваат. Такви проблеми се, на пример, самостојното живеење, потребата да се научи нов јазик, наоѓање на друштво. Тие проблеми се сепак површни во споредба со човековата потреба да припаѓа ’Дома‘. Секако дека се прифатени нашите – скоро секој што запознав, без разлика дали Словенец, или странец, прифаќа Македонци, без стереотипи и очекувања. Но сепак не се толку отворени колку што се со некои од својот народ. Би рекол дека голем дел од македонските студенти пробуваат да се интегрираат, но имаат и некои забелешки, кои најчесто се однесуваат на храната, ноќниот живот, работното време. Мислам дека најголемиот конфликт доаѓа во однос на тоа како функционираат различни држави, а не различната култура и однесувањето на младите“.

И на Васил Ханџиски, кој студира во Марибор, му недостига семејството и пријателите. Тој вели дека животот на почетокот е осамен, но како и кај сите, тоа поминува. Секој човек лесно се навикнува на добро опкружување, функционално секојдневие, квалитетно образование и европски стандарди на живот.

Дома си е дома

Според Државниот завод за статистика, бројот на запишани студенти на високите стручни школи и факултетите во Република Северна Македонија од пред десет години, до последната академска 2022/2023 година е намален „само“ за малку повеќе од 5.000 студенти. Најмногу запишани имало во академската 2015/2016 година кога академски граѓани станале речиси 60.000 луѓе.

Студентите со кои разговаравме во Скопје набројуваат разни причини поради кои не заминале во странство на студии – пандемијата на Ковид-19, учењето на мајчин јазик, не можењето да се одвојат од семејството и пријателите.

Маја С., студентка на Машинскиот факултет во Скопје вели дека „како дома нема никаде“. „Кај мене преовлада стравот од непозната околина, моите најблиски се тука за што и да ми затреба, имам свој матичен лекар кој ми ја знае состојбата од мала за несакани болести, учам на мајчин јазик и така полесно ги совладувам предавањата“, раскажува таа..

Студентот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, Марко В, вели дека останал во татковината затоа што „тука не е странец, полесно се наоѓа друштво, и со наставниот кадар се прават полесни конекции“.

За жал, ниту Маја, ниту Марко, како и повеќето студенти на УКИМ со кои разговаравме, не планираат да останат тука откако ќе дипломираат.

„Ќе заминам, бидејќи тука почетна плата на инженер е 30.000 денари во многу компании, а на касиер 35.000 денари“ вели Марко.

„Би заминала поради системот на кој (не)функционира цела држава и, нормално, за повеќе искуство во некои реномирани европски фабрики и институти“, одговара Маја.

Време е да престанеме да глумиме Американци и веќе да не прашуваме што можеме да сториме за државата. Крајно време е државата да почне сериозно да работи за генерациите што доаѓаат. Додека не станало предоцна.

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 4 часа

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, фирмата немала легална лиценца

Македонијапред 7 часа

Седумдневна жалост во Македонија за трагедијата во Кочани

Македонијапред 8 часа

Централна потерница за 4 лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, увидот сѐ уште трае

Македонијапред 8 часа

Над 150 млади лица повредени во пожарот во Кочани хоспитализирани во болниците низ земјава

Македонијапред 10 часа

Голема трагедија-51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани, стотина се повредени

Здравје и убавинапред 23 часа

Вежба „4-7-8“ против несоница

Светпред 1 ден

Илјадници демонстранти на улиците во Белград: Студентски протести против корупцијата и неефикасноста на владата

Вестипред 1 ден

Извлечени се лицата чиј чамец се преврте во Мавровско Езеро

Гостиварпред 1 ден

Се превртел чамец со две лица во Мавровско Езеро, во тек е спасувачка акција

Гостиварпред 4 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена