Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Зошто носот почнува да ни тече кога сме болни?

Објавено

на

    Дали некогаш сте се запрашале зошто ви тече носот кога сте настинати? Одговорот лежи во тоа како носот се справува со болеста. Носот е сложен орган – го загрева и го прилагодува воздухот што влегува во телото и служи како чувар од штетните влијанија од околината. Имунолошкиот систем работи за да го заштити вашето тело од болести.

    Дури и кога не сте болни, носот е исполнет со слуз. Ги спречува штетните бактерии и вируси кои можат да ве инфицираат доколку дојдат во контакт со поранливо телесно ткиво. Цилијарниот слој – структурата слична на влакната што ја обложува внатрешноста на носот ја придвижува слузта од предните дишни патишта назад и надолу по грлото.

    Кога сте болни, тоа е затоа што патогените ја преминале линијата на слуз. Со цел да се заштити телото, имунолошкиот систем почнува да работи. Малите протеини наречени цитокини развиваат Т-клетки и Б-клетки кои бараат и уништуваат патогени. Истите овие протеини им кажуваат на клетките во носот да генерираат повеќе слуз за да го исчистат носот од други потенцијално штетни бактерии или вируси. Како што се произведува повеќе слуз, слузницата на носот отекува и носната празнина се полни со вишок течност. И почнува течење на носот.

    Откако телото ќе се исчисти од патогени, вашиот имунолошки систем ќе забави.

    Општо земено, имунолошкиот систем во носот е многу корисен во разликувањето на клетките што вашето тело ги произведува само од туѓите клетки кои мора да бидат нападнати. Понекогаш тој систем не е толку добар во препознавањето кога е време да се исклучи или да препознае кои станици треба да бидат нападнати. Премногу активниот имунолошки одговор предизвикува состојби како што се алергии или астма.

    Иако вашето тело ги исчистило напаѓачите, слузта може да ги носи и е заразна и може да ја пренесе болеста на други. А се знае дека редовното миење на рацете е добар начин да се избегне болест.

    Како да си помогнете кога ви тече носот?

    Ако навистина се разболите, што е неизбежно за повеќето од нас, важно е да внимавате со носот. Премногу силно дување на носот може да ги оштети деликатните цилии. Исто така, може да ги турка патогените подлабоко во носната празнина, каде што дополнително може да го инфицираат телото. Најдобро е да се третира носот со солен раствор (во форма на спрејови). Ова ќе ви помогне да се ослободите од вишокот слуз и да се вратите во нормала што е можно поскоро. Можете исто така да користите одзатнувачи во вид на спреј или капки, а вашиот лекар може да ви препише антибиотици.

    Иако течењето на носот е заморно, тоа е добар и значи дека имунолошкиот систем добро си ја врши работата.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 2 часа

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 3 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 5 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 19 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 20 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена