Исплачи се, ќе ти помине. Не еднаш сме ја слушнале оваа фраза. Плачењето често има терапевтско дејство и носи психичко олеснување. Но, си има и своја лоша страна. Освен црвени и потечени очи, плачењето предизвикува главоболки.
Што се случува со телото кога плачеме?
Доктор Лоренс Њуман, професорка од медицинскиот факултет на Њујоршкиот Универзитет објаснува дека, кога сме тажни, се лачат хормони на стрес како кортизол. Тие хормони активираат невротрансмитери, кои на телото му праќаат сигнал да покрене физичка реакција, која се манифестира како притисок во областа на челото. Кога плачеме мускулите на главата и вратот се грчат и стануваат напнати. Доволно за да после бран солзи, сериозно не заболи главата. А тука, секако е и психолошкиот ефект. Негативните чувства и расположение се сојузник на главоболките.
Доктор Њуман нагласува дека плачењето е ризик особено за лицата кои страдаат од мигрена, затоа што таа лесно може да се активира. Мозокот кај пациенти со мигрена е хиперсензитивен и најмалку што му треба е да биде изложен на стрес.
Ако не сакате веднаш да посегнете по лекови кога ве боли глава, можете да си помогнете на неколку природни начини: блага масажа на вратот и слепоочниците, ставање облоги или стечаг на главата, техника на длабоко дишење, туширање.