Поврзи се со нас

Вести

Зошто полициското комбе го викаме „Марица“?

Објавено

на

Полициското возило, кое служи за превезување на прекршувачите на законот во затвор, го викаме „црна марица“ или само „марица“.

„Иде марицата, влегувај во марица, ги собраа со марицата, си се возел во марица?“…  Се зборови кои многу од нас ги имаат слушнато или изговорено. Но, дали знааете од каде потекнува изразот „марица“ по кој сите денеска го нарекуваме полициското комбе?

Иако кај нас изразот „марица“ е доста познат, тој не потекнува од нашиот регион, настанал во Соединетите Американски Држави. Тој потекнува од име на една жена, која ја нарекувале Black Marie. Ова име во наш превод значи Црна Марија или Црна Марица. Имено, ова е популарно име на една американска црнкиња, која своевремено, била сопственик на морнарска крчма на пристаништето во градот Бостон.

Нејзиното вистинско име било Марија Ли. Таа била крупна и силна жена, па на полицајците им помагала да ги стават пијаните престапници кои правеле проблеми во нејзиниот локал во полициското возило. По ова станала позната низ цел Бостон, но и во околните градови и сојузни држави во Америка. Според тоа, луѓето полициските возила ги нарекле Black Marie (Црна Марица). Изразот, брзо потоа почнал да се употребува и надвор од границите на Америка и на тој начин пристигнал кај нас. Во почетокот се употребувал изразот „црна марица“, за да подоцна остане само зборот „марица“.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена