Здравје и убавина
Зошто празот треба да се јаде почесто?

Празот е зеленчук кој често неправедно го запоставуваме, а со редовно консумирање можеме да го намалиме крвниот притисок, холестеролот, да го спасиме срцето и да го детоксицираме целиот организам.
Празот го јаделе старите Египќани и Римјани, а и денес важи за здрав и вкусен зеленчук.
Околу 100 грама варен праз содржи само околу триесет калории. Ниската енергетска вредност, богатството со хранливи материи, диетални влакна, полифеноли и сулфурни соединенија имаат благотворно влијание врз здравјето.
Бета-каротинот во нашето тело се претвора во витамин А, кој е важен за здравјето на очите, репродуктивниот систем, како и за имунитетот.
Празот е одличен извор на витамин Ц, а најмногу го има во зелените лиснати делови.
Богат е и со фруктоолигосахариди и инулин, влакна кои делуваат како пробиотици.
Исто така, во трагите може да се најдат калиум, бакар, железо, манган, кои можат да помогнат во ублажување на симптомите на предменструален синдром, а благотворно делуваат и на здравјето на тироидната жлезда.
Празот влијае и на детоксикација на организмот, намалувајќи ги воспалителните процеси, како и здравјето на срцето и крвните садови. Алицинот од празот има антибактериско и антивирусно дејство и може да го намали нивото на холестерол во крвта, како и крвниот притисок.
Конзумирањето на праз може да го продолжи чувството на ситост, како и да го намали апетитот, што е добро за луѓето кои сакаат да ослабат или едноставно да се грижат за исхраната.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче