Поврзи се со нас

Македонија

Зошто се празнува Први Мај?

Објавено

на

Меѓународниот ден на трудот, Први Мај се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот одржан од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви.

Во доцниот деветнаесети век, работничата класа била во постојана битка за осумчасовно работно време. Работните услови биле многу лоши и било вообичаено да се работи од 10 до 16 часови на ден, во небезбедни услови. Смртноста и повредите биле вообичаени на многу работни места и биле инспирација за книгите „Џунгла“ на Аптон Синклер и „Челична потпетица“ на Џек Лондон. Во 60-ите години од истиот век, работниците агитирале за пократок работен ден без кратење на платите, но тоа не се случило се до крајот на 80-ите години, кога организираниот труд собрал доволно сила за да прогласат осумчасовно работно време. Објавата била без согласност на работодавачите, но тоа го барал поголемиот дел од работничката класа.  Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле и погубени.

Во знак на почит кон жртвите од штрајкот во Чикаго, Втората интернационала на својот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, а во Македонија до 2006 година се празнуваше два дена, 1 и 2 мај, додека од 2007 година се празнува само 1 мај.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена