Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Зошто сончогледовото семе треба да се јаде редовно?

Објавено

на

Сончогледот е богат извор на хранливи материи и е многу добар за нашето здравје. Ова семе содржи голем број на киселини, витамини и минерали, кои што му помагаат на нашиот организам.

Сончогледот најчесто се одгледува поради маслото што го користиме секој ден за да подготвуваме оброци, и за тоа се користат семките од сончоглед.

Тие можат да се јадат сурови или печени, како закуски.

Ова се придобивките од семето:

Богати се со хранливи материи

Семките од сончоглед се добар извор на витамини, особено витамини од групата Б, витамини Ц и Е. Тие содржат голем дел од есенцијални минерали како што се фосфор, магнезиум, манган, цинк и железо. Сите заедно, а особено тие, помагаат во одржувањето на коските, ткивата и виталните органи и најмногу помагаат во процесот на лекување.

Помагаат на срцето

Семките од сончоглед содржат висок процент на линолеинска киселина, што помага да се намали холестеролот. Семето содржи и олеинска киселина, која може да ги намали триглицеридите, причина за срцеви проблеми.

Помагаат кај луѓето со дијабет

Луѓето со дијабетес не можат да произведат доволно инсулин за да внесат глукоза во нивните клетки. Резултатот е зголемување на нивото на шеќер во крвта и оштетување на крвните садови и виталните органи. Семките од сончоглед не само што имаат низок гликемиски индекс, туку содржат и хлорогена киселина, која го контролира нивото на шеќер во крвта.

Сончогледот ни ги чува коските

Покрај калциумот, на коските им треба бакар и магнезиум. Овие минерали се наоѓаат и во семето од сончоглед. Семките од сончоглед се богати со магнезиум, што е најдобра гаранција дека вашите коски ќе бидат здрави. Спречува грчеви во мускулите, богато е со бакар, кој обезбедува флексибилност на коските и зглобовите. Редовната употреба на семе исто така може да спречи артритис.

Тие го забрзуваат заздравувањето на раните

Некои истражувања имаат покажано дека сончогледот може да помогне во заздравувањето на раните. Линолеинската киселина во семето помага да се забрза процесот на заздравување на раните.

Ни ги чуваат кожата и косата

Овие семиња ќе помогнат вашата коса и ноктите да блеснат. Витаминот Е, со кој се богати, е најдобриот лек против стареење и најдоброто средство за обновување на кожата. Витаминот Е спречува појава на акни и некои други кожни болести, тие се одлични за пилинг на лицето, а може да се користат и за чистење на целото тело.

Поради поволната содржина на есенцијална линолеинска масна киселина, витамин Е и протеини, редовното внесување семе ја навлажнува дехидрираната кожа и може да помогне при егзема. Телото користи бакар за производство на меланин, кој и дава на кожата убава и здрава боја, а бакарот им помага на метаболичките процеси на организмот помагајќи им на клетките да произведат енергија.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена