Поврзи се со нас

Деца Родители

Зошто тинејџерите да бегаат од домот и како родителите да препознаат ризик?

Објавено

на

 

Да се биде денес тинејџер е многу тешко, а да се биде родител на тинејџер е макотрпна и стресна работа. Кога родителите ќе се најдат во оваа улога се судираат со недоумицата и големиот број на препреки кои е многу тешко да ги надминат. Зошто е тоа така? Пред се поради непознавањето на фазите низ кој поминува адолесцентот. Најзначајна карактеристика на оваа фаза е потребата за самостојност, која тинејџерите најчесто ја изразуваат со негативно однесување кое наидува на осуда од страна на родителите. А решението на конфликтот го наоѓаат во бегање од дома во непознат правец без да го најават своето заминување.

Тинејџерите имаат променливо расположение, јаки чувства, сексуални нагони и тоа често доведува до нивни бурни реакции, непредвидливо однесување кое може да ги шокира родителите.

За да се избегнат и надминат конфликтите што родителите ги имаат со тинејџерите потребно е да се разбере дека тинејџерите имаат премногу предизвици: како да излезат на крај со школските обврски, со притисоците на врсниците, со разните искушенија (цигари,алкохол,дрога), како да постигнат договор со родителите за работи кои се важни за нив, со желбите, да изградат свои вредности, да се изборат со целите кои што сакаат да ги постигнат и желбите за иднината.

Родителите се преплашени, збунети, очајни и често се под чувство на вина кога нивните деца ќе побегнат од дома. Најчесто на тоа случување му претходи акутно или хронично доживување на неразбраност и недостаток на сигурност во своето семејство кое доживување е субјективно во овој период од развојот. Најчесто кривци за бегање од дома во тинејџерскиот период се хормоните, главната причина за несаканото однесување на тинеџерите се физиолошките и телесните промени низ кои поминуваат во овој период кој делува и на нивната психа, па кај нив се појачува критичноста, негативниот став кон се што било вообичаено во детството, се јавуваат нови интереси, нагони кои многу тешко се контролираат како и појачана потреба за осамостојување и освојување на лична слобода.

 

Кои се конкретни причини за напуштање на родителскиот дом?

 

Бегањето на детето од домот на родителите симболизира различни работи и често е некоја порака која тие сакаат да им ја пратат на родителите:

  • Бегање како освета и бес за притисоците и агресивноста која ја доживуваат во текот на воспитувањето.
  • Бегање поради страв од казна за лошото однесување и непослушност
  • Бегање како помош за решавање на нивните лични проблеми
  • Бегање како притисок за промена на однесувањето на родителите и семејните односи
  • Бегање како борба за своите права кога родителите се строги и рестриктивни и немаат разбирање за потребите на тинејџерите
  • Бегање како резултат на недостиг на емоционална сигурност во семејството, групата врсници,з а постигнување на поголема слобода и емотивна поддршка
  • Бегање како нетолеранција на забрана и ограничување кај деца кои тешко поднесуваат фрустрација, авторитет, поставување на граници или правила.

Ако ги запрашате тинејџерите зошто побегнале од дома нивните причини се разноврсни, па ќе ви речат дека родителите ги заморуваат со забрани, испитувања, недоверба, дека не ги разбираат, дека им пречат родителските расправии, атмосферата во семејството, немањето на пари, и преку бегањето ќе ја олеснат психичката тензија, а на родителите ќе им одржат лекција.

Љубовните проблеми се едни од поголемите причини за вознемиреност во тој развоен период и невозвратената љубот од страна на симпатијата, заедно со неразбирањето во семејството е често причина да се чувствува отфрлено и да сака да го напушти домот.

 

пишува: м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство

Центар за социјална работа Гостивар

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена