Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Зошто треба да вклучите ленено семе во секојдневната исхрана?

Објавено

на

Дали некогаш сте погледнале пакување гранола или некој рецепт што содржат ленено семе и сте се прашале што е тоа? Додека чиа семето е попопуларно и се користи дури и како пудинг, лененото семе е занемарена намирница на која треба да почнете да обрнувате внимание. Особено кога ќе сфатите на кои се начини овие мали семчиња може да имаат големи позитивни ефекти на телото.

Од подобрување на дигестијата до намалување на ризикот од болести, бројни се начините на кои консумирањето ленено семе може позитивно да влијае на вашето долгорочно здравје.

ИЗВОР НА ВЛАКНА

Ако барате едноставен начин да го зголемите внесот на влакна, вклучувањето на ленено семе во вашата исхрана е одлично решение. Една лажица ленено семе има речиси три грама влакна, што е еднакво на 11% од дневниот препорачан внес.

Според Американското здружение за срце, потребно е да се внесува 25 до 30 грама влакна дневно. Исхраната со малку влакна не само што лошо влијае на вашата борба со килограмите, туку може да предизвика дигестивни проблеми и дури и да го зголеми ризикот од развој на хронични болести.

Додавањето ленено семе во вашиот појадок е одличен начин за почеток. Семето од лен може да го измешате со овесни снегулки, да ставите гранола, да го измешате во јогурт или да го ставите во вашето смуди.

ОМЕГА-3 МАСНИ КИСЕЛИНИ

Лененото семе е богато со алфа-линолеинска киселина (АЛА), вид на есенцијални масни киселини што телото не може да ја произведе. Единствениот начин на кој можете да ја добиете е преку храна, а лененото семе е полно со оваа киселина.

Конусмирањето омега-3 масни киселини докажано е дека го намалува воспалението во телото, што може да помогне да се спречи развојот на хронични болести. ALA е поврзана конкретно со намалување на ризикот од развој на срцеви заболувања како што е срцев удар, како и со намалување на високиот крвен притисок.

ПОМАГА ПРИ ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА

Лененото семе популарно се нарекува и природен лаксатив, кој може да помогне во процесот на варење. Студија објавена во списанието Nutrition&Metabolism покажала дека лененото семе (кога се додава во пакувана храна) ги намалува симптомите на запек, како и гликемиското и липидното ниво кај лицата со дијабетес тип 2.

ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА

Одржувањето здрава телесна тежина е важно за одржување на вашето тело здраво на долг рок, така што вклучувањето на ленено семе во вашата исхрана може да биде клучно за одржување на здрава тежина. Исто така, влакната во семето од лен може да ви помогнат подолго да се чувствувате сити.

Во соработка со Е Наука

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 4 минути

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 1 час

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 2 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 3 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 4 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 17 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 23 часа

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена