Поврзи се со нас

Занимливости

Зошто во рестораните ставаат магдонос на врвот од јадењето?

Објавено

на

Во ресторан, пред послужувањето, готвачите честопати ставаат парче магдонос на врвот од јадењето. Зошто е тоа така? Освежувањето на здивот со грицкање свеж магдонос датира од времето на Старите Римјани. Тоа е, веројатно, една од причините поради којашто настанал овој обичај ширум светот. Друга причина е украсувањето на јадењето, што наводно потекнува од древните месарници каде што се ставало магдонос околу свежото, но и печеното месо, за храната да им биде попривлечна на купувачите. До 1915 година, магдоносот се ставал на чиниите во речиси секој ресторан.

Тоа, сепак, отсекогаш им пречело на некои гости, бидејќи се сомневаат дека тоа парче растение претходно било на туѓа чинија…

Секако, третата причина поради која магдоносот се наоѓа на послужениот оброк е да се подобри вкусот на храната, но во овој случај тој најчесто се сечка и се посипува во садот.

Зошто магдоносот е добар за свеж здив? Бактериите во устата почнуваат да се развиваат после јадење, а тоа е директна причина за лошиот здив. Магдоносот содржи високо ниво на хлорофил, којшто го уништува вишокот бактерии.

Магдоносот е особено добар за џвакање после јадење лук или кромид. Покрај магдоносот, помага и свежото нане, босилекот или рузмаринот.

Следат уште неколку придобивки од ова растение: делува како антиоксиданс, ѝ помага кожата да изгледа помлада, го чисти телото од токсини, го раствора вишокот маснотии во телото, ги чисти бубрезите, има антиинфламаторно дејство, полно е со витамин Ц, содржи многу минерали и го зајакнува имунитетот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена