Македонија
Колку ќе се зголемат пензиите? Фондот да ги објави процентот и пресметката, бара Партијата на пензионери
Партијата на пензионери бара Фондот за пензиското и инвалидското осигурување веднаш по пресметката да го објави процентот на усогласување на пензиите, заедно со податоците и пресметката врз основа на кои е добиен резултатот.
Во отворено писмо до Управниот одбор на Фондот, Партијата предлага процентот да биде објавен најдоцна во рок од три работни дена по завршувањето на пресметката согласно член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Од партијата посочуваат дека усогласувањето на пензиите се утврдува со законски определена формула и официјални статистички податоци, поради што, како што велат, процентот не треба да биде предмет на политички проценки или најави, туку јасен и проверлив резултат од примената на законот.
„Во периодот пред редовното усогласување на пензиите, пензионерите и јавноста често се изложени на различни проценки, најави и очекувања во однос на висината на процентот на усогласување. Таквата практика создава непотребна неизвесност и впечаток дека процентот на усогласување дополнително се определува, иако неговото пресметување се врши врз основа на законски утврдена формула и официјални статистички показатели.“, се вли во отвореното писмо.
Тие бараат Фондот, покрај конечниот процент, да ги објави и статистичките податоци користени во пресметката, нивниот извор, периодите на споредба, законската формула и начинот на нејзина примена, како и датумот од кој усогласувањето ќе се применува и првата исплата во која ќе биде вклучено.
Партијата предлага Управниот одбор да иницира и навремено објавување на потребните статистички податоци од Државниот завод за статистика, со цел Фондот без одлагање да ја изврши пресметката.
Дополнително, бараат да се разгледа можноста овие рокови и обврски трајно да се уредат со измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
-
Гостиварпред 3 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 3 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Гостиварпред 3 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Културапред 3 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Културапред 3 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
-
Што, како, каде?!пред 3 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете
-
Културапред 3 месециИзложба на уметникот Владимир Темков во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месециВодата во Гостивар е исправна за пиење, покажуваат последните анализи на Центарот за јавно здравје
